27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Заигра метлата на Рама, разрешување на министри и избор на нова спикерка на Собранието

Со 75 гласа „за“ и 4 „против“ Елиса Спиропали е избрана за нов претседател на Собранието на Албанија.

Нејзиното гласање на оваа вонредна седница беше проследено со приговори на пратениците од опозицијата, кои удираа на масите и го блокираа подот.

Таа на оваа пленарна седница беше избрана со тајно гласање.

Спиропали ја наследи Линдита Никола, која од здравствени причини поднесе оставка од оваа функција.

Спиропали ја извршуваше функцијата државен министер за односи со Парламентот, каде од денеска ќе биде на чело на Таулант Бала.

Парламентот на Албанија во вторник ги одобри промените во Владата предводена од премиерот Еди Рама и покрај големото противење од опозицијата.

Со гласовите на мнозинството, за министер за внатрешни работи е именуван Ервин Хоџа, за одбрана Пиро Венгу, а за финансии Петрит Малај. 

Веднаш штом започна седницата, лидерот на групата на Демократската партија во опозицијата Газменд Барди побара премиерот да даде објаснувања за причините за разрешувањето на Бала од функцијата министер за внатрешни работи, министер за одбрана Нико Пелеши и министерот за финансии, Ервин Мете.

Тој му се обратил на Никола со барање седницата да биде проследена со расправа, но неговото барање не било прифатено.

Барди рече дека Никола „лажела“ за причината што ја изнела за оставката од функцијата претседател на Собранието.

„Го излажавте Парламентот кога кажавте дека сте болна. Вие го имате мафијашкиот код“, рече Барди, а Линдита Никола одговори дека „беше срамно да се користи болеста за да се создаваат невистинити инсинуации“.

Никола побара исклучување на Барди од седницата, но тој остана во салата до крајот на постапката.

Беше изгласано и назначувањето на Бледи Цучи за потпретседател на Собранието, на местото на Ермонела Фелајт, која беше разрешена од оваа функција.

Демократскиот потпретседател на Собранието Агрон Ѓекмаркај по седницата ги нарече новите министри „слуги“ на премиерот Рама.

Газменд Барди за новинарите изјави дека новите министри се „непознати имиња“, но со „врски со криминалот“.

Премиерот Рама на 28 јули за време на Конгресот на Социјалистичката партија ја објави одлуката за разрешување на тројцата главни министри.

Високи челници на оваа партија по Конгресот изјавија дека не биле запознаени со овие одлуки. Истата изјава ја даде и поранешниот министер Пелеши.

 

Related posts

Платформата на Државна лотарија останува единствена опција за онлајн коцкање

admin

ДУИ му реагира на Николовски: Опасна амбиција за политички инженеринг во албанскиот блок

admin

Анализа на Дојче Веле: Сегашноста не е иста низ владини и опозициски очила

admin

Дали целта на Израел е постигната?

admin

Ни криви, ни должни- граѓаните мора да платат за новите пасоши, иако не им поминал рокот

admin

Илон Маск: Ќе кажам што сакам, а ако последицата од тоа е губење пари, нека биде така

admin