Владата на Република Северна Македонија донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, информира владината прес-служба.
Владата до Собранието ги предложи и замениците министри. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили, во МВР, Астрит Исеини. За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан, а за заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа.
Зоран Димитровски ќе биде заменик министер во Министерството за надворешни работи и трговија, а за заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски, а за во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески.
За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети, а во здравство Јовица Андовски.
За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу, во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими, за заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, а заменик министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски, за во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири.
За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска, додека за заменик министер во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини.
Како што е наведено во соопштението од Владата, Фејсаљ Беадини, ќе биде именуван за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда, Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат, Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, а Месуд Јакупи, се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви.
Согласно одлуките на Владата, Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено поправна установа Затвор Тетово, Сељатин Бељули, се именува за в.д. директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје, Весна Пешова се именува за в.д. заменик директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.
Државниот завод за индустриска сопственост ќе го раководи Ељјеса Незир, додека Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија.