19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои издаваат станови, вили, викендички за претстојните празници да го пријават доходот и да платат данок. Лани во февруари, 254 лица побарале пресметка колку да платат за издадениот имот во јануари. Казните за неплаќачите се од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

Нема потреба да пријавам, никој не контролира, вели скопјанецот Дејан Т., издавач на стан за краток престој во главниот град, откако Управата за јавни приходи(УЈП) минатата недела ги повика граѓаните кои издаваат станови вили, викендички за претстојните празници да го пријават доходот што го остваруваат од издавање на имотот.

Под краток престој се подразбира издавање на максимум 31 ден во месецот.

„Цел живот издавам стан во строгиот центар на Скопје, уште од 90-тите години на минатиот век. Никогаш не сум пријавил“, вели Дејан за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Половина од неговите гости се Турци, кои остануваат во градот по ден – два. Често го изнајмуваат и српски државјани на кои им треба преноќиште. Ретко некој останувал по неколку дена.

Дејан минатата година го издавал станот преку платформата Букинг (Booking.com). Платформата му наплаќала провизија од 12,5 отсто од вкупната сума за која станот бил издаден.

„Знам дека треба да се плати данок, но верувам дека голем дел од тие кои издаваат, не плаќаат. Северна Македонија нема опција за плаќање преку „Пејпал“ (PayPal), или „Пајонер“ (Payoneer) или другите светски сервиси за онлајн плаќање и тие не можат да ни префрлат пари. Се договарам со гостите, ако не можам дента да ми ги дадат парите, им велам да ги остават во станот. Функционира на доверба и никој досега не ме измамил“, вели Дејан. / Целиот текст е достапен ТУКА

Related posts

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Пендаровски има канцеларија, но нема компјутер и телефон

admin

Кој управува со Иран?

admin

Мицкоски ја затвори вратата за нови уставни условувања

admin

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin