20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Струјата ја запали салата: Мицкоски и Филипче во жесток судир во Собранието

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри обвинувања во Собранието за енергетската политика, поскапувањето на електричната енергија и одговорноста за состојбите во секторот.

Филипче ја обвини Владата дека по две години на власт не презела доволно мерки за зголемување на домашното производство на струја, поради што земјата, како што рече, е принудена да увезува скапа електрична енергија и да прогласува кризна состојба.

„Зошто доаѓа до поскапување на струјата за граѓаните, што дополнително ќе повлече и други поскапувања?“, праша Филипче од собраниската говорница.

Премиерот Мицкоски возврати дека СДСМ манипулирала со податоци, најавувајќи зголемување на цената од 5 до 10 проценти, додека, според него, реалното поскапување изнесувало нешто над 2 проценти.

„Регулаторната комисија е независно тело и не е под надлежност на Владата. Не знам зошто ова прашање ми го поставувате мене“, рече Мицкоски, додавајќи дека одговорноста треба да се бара кај институциите задолжени за регулација.

Тој оцени дека Владата наследила „катастрофална состојба“ во енергетскиот сектор и посочи дека повеќе од 50 лица од поранешната власт се под истрага или судски постапки, а поранешен директор и висок функционер на СДСМ се наоѓа во бегство.

Филипче, пак, го праша премиерот дали со изразите што ги користи за „талогот на општеството“ мисли на граѓаните.

„Секојдневните поплаки се реални гласови на луѓе кои живеат тешко и заслужуваат почит, а не навреди“, рече тој, додавајќи дека мнозинството граѓани живеат во услови на сиромаштија, сива економија и без јасна европска перспектива.

Мицкоски ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека инфлацијата е меѓу најниските во Европа, под 4 проценти, и дека следната година се очекува да се стабилизира меѓу 2 и 3 проценти.

„Наместо реални политики, СДСМ нуди клевети и политички напади, што е причината поради која континуирано губи избори“, изјави премиерот.

Related posts

Анализа: Какви ефекти ќе донесе наредбата на Бајден за вештачката интелигенција?

admin

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Костадинов се враќа во СДСМ, битката за техничката влада се заострува

admin

Костадиновски: формирани четири предмети за системот „Сејф сити“

admin

Ормутскиот теснец под закана: Иран предупредува на одмазда по американските напади

admin

ССМ бара минимална плата од 600 до 700 евра, Владата најавува усогласување во март

admin