Владата на Северна Македонија на 18 февруари одлучи да ја ограничи маржата на профит за повеќе од 100 групи производи, што вклучува над 1.000 прехранбени и неприханбени артикли, со цел да ги намали цените и да ги „заштити граѓаните”. Меѓутоа, академикот и економски експерт Абдилменаф Беџети предупредува дека мерките може да имаат контраефект и да создадат ризици за пазарот, особено во секторите зависни од ценовни флуктуации и слободна конкуренција.
„Искуството покажа дека ваквите мерки, и во минатото и сега, не биле успешни. Економските оператори знаат како да ги заобиколат и манипулираат мерките, наоѓајќи алтернативни решенија за да ја достигнат посакуваната маржа на профит“, изјави Беџети за Радио Слободна Европа. Тој додаде дека ограничувањето на маржата најверојатно ќе ја зголеми неформалната економија и ќе предизвика недостиг на основни производи на пазарот.
Беџети посочи дека пет проценти не претставува маржа која може да ги покрие ниту основните оперативни трошоци. „Која компанија би преживеала со профитна маржа од пет проценти? Тоа значи враќање на инвестицијата за 20 години, што теоретски и практично не функционира“, рече тој.
Според него, инфлацијата најмногу ги погодува основните производи, чии маржи на профит во трговските синџири се значително повисоки во споредба со луксузните производи. Бехџети прашува кој ќе ја контролира формирањето на маржата и врз која основа – вредноста на набавката или набавката плус оперативни трошоци.
Ризик од недостиг и зголемување на неформалната економија
Беџети предупредува дека ограничувањето на профитната маржа може да доведе до недостиг на основни производи бидејќи стимулите за производителите и трговците ќе бидат намалени. „Кој инспектор ќе може да ја утврди точната маржа кога постојат дополнителни трошоци како расипување, рокови на траење и логистика?“ запраша тој.
Според него, мерките ќе го поттикнат развојот на т.н. сива економија, бидејќи економските оператори се вешти во прилагодување на цените во нивна корист. Единствено решение, вели Бехџети, е зголемување на понудата и поттикнување на конкуренцијата со внесување нови, долгорочно конкурентни оператори на пазарот.
Ефектот од бојкотот и предупредувањата од стопанските комори
Од друга страна, Стопанската комора на трговците на големо и мало предупреди дека мерките може да доведат до затворање на бизниси бидејќи основните трошоци на трговците се движат од 12 до 15 проценти. Бехџети не очекува целосно затворање, но предвидува намалување на асортиманот на производи.
„Операторите ќе ги отстранат производите каде што петпроцентната маржа е неисплатлива. Нивната главна цел е профитот, и затоа ќе направат сѐ што е потребно за да ги задржат своите приходи“, нагласи тој.
Во услови на недоволен институционален капацитет за спроведување и надзор, Бехџети смета дека е подобро да не се воведуваат мерки што не можат да се контролираат ефикасно. Според него, потребен е силен орган за заштита на потрошувачите и подобра регулатива за пазарниот надзор.
„Конечниот ефект од мерките ќе зависи од способноста на институциите да ги спроведуваат, како и од конкурентноста на пазарот. Без тоа, постои ризик дека граѓаните со најниски приходи повторно да бидат најпогодени“, заклучи Беџети.