12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Милионски инвестиции во неискористени медицински апарати

Државниот завод за ревизија (ДЗР) вели дека финансиското работење на Универзитетската клиника за дерматологија во 2023 година е проследено со недостатоци во евиденцијата на лекови, лошо планирање на финансиските средства и неискористена медицинска опрема.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека Клиниката нема целосна евиденција за примените и потрошените лекови за ретки болести, што отвора сомнежи за транспарентноста во управувањето со овие скапи терапии. Дополнително, не е извршен попис на лековите, што значи дека реалната залиха не е позната.

Клиниката набавила двa ласери за медицински третмани со средства од Фондот за здравство, но истите не се ставени во употреба. Причината, според извештајот, е што Министерството за здравство, во тоа време предводена од Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците на актуелниот министер Арбен Таравари, не одобрило ценовник за услугите, што значи дека пациентите не можат да ги користат овие третмани, ниту преку Фондот ниту приватно.

Ревизорите предупредуваат дека овие апарати можат да останат неупотребени, доколку не се преземат чекори за нивна интеграција во системот на здравствени услуги.

Во однос на кадровската политика, извештајот открива дека системот за еvidенција на работното време не функционира и дека исплатата на платите се врши врз основа на рачни записи, што може да доведе до неправилни исплати и злоупотреби.

ДЗР истакнува дека дел од вработените немаат евидентирани работни часови, но сепак добиваат редовни исплати, што фрла сомнеж врз транспарентноста на исплатите.

Одговорните лица на Клиниката доставиле забелешки на ревизорскиот извештај, наведувајќи дека се преземаат мерки за подобрување на состојбата, но ревизорите оценуваат дека дел од тие мерки сè уште не се спроведени или немаат конкретни резултати.

 

 

Related posts

Вучиќ бара помош од Запад: Грижете се за Косово

admin

НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АНБ СПРОВЕЛ НОВА ИСТРАГА ЗА ОНИШЧЕНКО

ninja

Расте извозот, овие се најголемите трговски партнери на С.Македонија

admin

Интерпелации со однапред познат исход

admin

Треба ли ревизија на „недела неработен ден“?

admin

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шири хистерија, а во амбасадата на САД “преди како маче”

admin