17.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Политички лешинари и платеници на власта ме напаѓаат, СДСМ и ДУИ нека кажат која опција е прифатлива за нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека не е против уставните измени, но треба да се прифати еден од трите понуди на партијата: хрватски модел, одложено дејство или брзи избори.

Во интервју за телевизија Алфа, Мицкоски рече дека политичари од власта спинуваат и шират невистини во врска последната лидерска средба, пренесува Инбокс7.

“Тоа е заедничка игра. Се очекуваше гологлавците да излезат од мочуриштето. И излегоа. Ме напаѓаа политички лешинари и платеници. Но јас им кажувам, да сум за уставните измени, но нека ми кажат која од понудите за нив е прифатливо – уставни измени со одложено дејство, влегуваме во ЕУ стапуваат на сила, не влегуваме во ЕУ нема уставни измени; или втората понуда – брзи избори за потоа партијата која ги губи ја подржува првата, плус гаранции од ЕУ”, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да има, а исто така според последните случувања може да се заклучи дека власта нема 80 пратеника за изгласување на истите тие измени.

„Е кога сме до тоа од она што тие го прифатија, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да прифати, нити јас, нити пак пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно предлог кој што се темели на бугарскиот диктат. И почна онаа голгота имаме 2/3, немаме 2/3, вакви пратеници, такви пратеници“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија е заглавена кон полноправно членство за ЕУ, а за тоа е виновна власта.

„Во Парламентот нема 80 пратеници кои што ќе го прифатат бугарскиот диктат. Што значи тоа? Тоа значи дека сега Македонија е заглавена во патот кон полноправно членство кон ЕУ. Нешто што одамна овој народ и држава го заслужија“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека граѓаните многу дадоа за тоа членство, започнувајќи од знамето до насилното менување на Уставот и промена на уставното име, кое што денеска никој не го користи освен власта и ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија вели ние сме прокативни, ние диктати не прифаќаме, но свесни апсолутно за процесите, свесни за иднината на Македонија и народот, и граѓаните во оваа држава сме конструктивни и сме проактивни и нудиме континуирано решение кое што не го задираат идентитетот и кои што не се понижувачки“, појасни Мицкоски.

Related posts

Изгаснат пожарот во украинската нуклеарна централа, објектот под руска контрола

ninja

Страв од фрагментација или од детронизација?

admin

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА СО ЕВРООБВРЗНИЦАТА

ninja

ЕУ: КОРУПЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е СЀ ПООЧИГЛЕДНА

ninja

Заев за ТВ 24: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети за КЗ

admin

Растат цените на сите производи и услуги, трошоците за живот зголемени за 13 отсто

admin