12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Косово во неизвесност: Дали Самоопределување ќе стигне до 49 мандат?

Политичкиот аналитичар Евгени Цаколи од „Демократија во акција“ изјави дека движењето Самоопределување нема сигурни 49 пратенички мандати, иако останува водечка сила во изборниот процес. 

Бројот на мандатите ќе ја одредува иднината владина коалиција, која треба да има поддршка од најмалку 61 од 120 пратеници колку брои косовскиот парламент. Со оглед на фактот дека 10 гарантирани пратенички места на малцинствата секогаш се сел пд владата, на Самоопределување на премиерот Албин Курти ќе му бидат потребни 2-3 пратеници за да го обезбеди потребното мнозинство за изгласување на неговата владата.

Но, во објава на Фејсбук, Цаколи посочи дека гласовите по пошта, кои се на косовската дијаспора и кои ги брои Централната изборна комисија, покажуваат зголемување на поддршката за Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), додека Демократската партија на Косово (ПДК) бележи пад.

„Со над 30% од гласовите по пошта преброени (заедно со гласовите од редовните избирачки места и дипломатските мисии), еве ги проекциите за распределбата на мандатите во Собранието на Косово“, рече Цаколи.

Цаколи оцени дека ЛДК има „исклучително позитивен настап“, додека ПДК бележи „слаба изведба”. Самоопределување и понатаму доминира со мнозинство од гласовите по пошта, но далеку од нивото на поддршка што го доби преку гласовите од дипломатските мисии.

Самоопределување е лиску до обезбедување на 49 мандати, но за да го постигне тоа, мора да освои над 60% од сите гласови по пошта. Со актуелниот тренд, ова е можно, но не и загарантирано. Партијата може да достигне 50 мандати само ако освои над 70% од гласовите по пошта – сценарио кое, според Цаколи, е тешко остварливо, но не и невозможно.

ЛДК е само неколку стотици гласови далеку од преземање уште еден мандат од ПДК. Ако ЛДК продолжи со добри перформанси во гласањето по пошта, може да стигне до 21 мандат. Ако ЛДК бележи дополнителен раст, тоа може да ги намали шансите на Самоопределување да осигура 49 мандати.

ПДК се наоѓа во „критична зона“ меѓу 23, 24 и 25 мандати. Во моментот има 24, но е блиску до губење на еден. Ако Самоопределување стигне до 50 мандати, ПДК може да загуби уште еден мандат.

За да задржи 25 мандати, ПДК треба да освои над 13% од гласовите по пошта – речиси двојно повеќе од сегашниот процент.

Според аналитичарите, конечната распределба на мандатите ќе зависи од преостанатите гласови по пошта, кои продолжуваат да се бројат.

 

 

Related posts

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

Незири: Колективната оставка е стратегија на ДУИ и храбар чекор на Ахмети

admin

МВР на Косово: Нападите на северот од Косово се оркестрирани и диригирани од Белград

admin

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ договараат нова Влада, други чекаат покана

admin

Лога ја отвори Пандорината кутија а бугарските здруженија со пропаганда за „олеснување “ на чекорите до бугарски пасош

admin

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja