13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ обвинува за „контрадикторни изјави“ на Мицкоски и Таравари за паркингот на Клинички центар

Опозициаката Социјалдемократска партија (СДСМ) во понеделник ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари за контрадикторни изјави во врска со договорот за паркингот на Клиничкиот центар, наводно поврзан со албанска компанија.

„Изјавите на министерот Таравари и премиерот Мицкоски се во целосна спротивност. Очигледно е дека оставаат простор за помал отпор во јавноста во врска со овој договор,“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

Според Кузевска, Таравари изјавил дека договорот за паркингот ќе трае 7,8 години, под претпоставка дека Клиничкиот центар ќе биде дислоциран. Но, оваа изјава е во спротивност со ставот на премиерот Мицкоски, кој претходно јавно изјави дека нов Клинички центар нема да се гради.

„Дали Таравари се обидува да ја ублажи јавната реакција и да ја намали штетата? Дали ова е тактика за да се финализира договорот?“ праша Кузевска.

Таа посочи и на неодамнешната изјава на премиерот Мицкоски, во која тој потенцира дека „фирма што нема кредибилитет, бонитет или технички капацитет нема да биде избрана“.

„Дали тоа значи дека ако фирмата има бонитет и кредибилитет, договорот ќе се потпише? Зошто Мицкоски веднаш не го отфрли договорот? Овој договор предвидува 99% од профитот да оди кај албанската фирма, а само 1% кај државата,“ рече Кузевска.

СДСМ бара итно објавување на јавниот повик од Министерството за здравство, како и објавување на физибилити студијата врз основа на која е распишан тендерот.

 

Related posts

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

Повеќе од половина земји на ЕУ ќе бараат фискална флексибилност за зголемени трошоци за одбрана

admin

Мисајловски: САД се наш најсилен сојузник, потпишани се шест нови договори во вредност од над 20 милиони евра

admin

Османи: Ако има државно вмешување во случувањата на северно Косово, С.Македонија ќе го преиспита своето учество во Отворен Балкан

admin

МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН

ninja

Заврши времето на пораки во дипломатски ракавици

admin