8.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија е првата земја што добива претфинансирање според Планот за раст

Северна Македонија стана првата земја што доби претфинансирање според Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, откако ја заврши подготовката на својата Реформска агенда, соопштија во понеделникот од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Износот од 52,2 милиони евра ќе ја поддржи имплементацијата на реформите и обврските што земјата ги презеде со оваа агенда. Од овие средства, 24,5 милиони евра ќе одат директно во државниот буџет за поддршка на реформите, додека 28 милиони евра ќе бидат насочени кон Рамката за инвестиции во Западен Балкан (WBIF) за финансирање инфраструктурни проекти.

Во периодот 2024 – 2027 година, Северна Македонија ќе добие вкупно 750,4 милиони евра од Фондот за реформи и раст за Западен Балкан, со фокус на јавната администрација, владеењето на правото, борбата против корупцијата, декарбонизацијата, дигитализацијата, поврзаноста и развојот на човечкиот капитал.

Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан има за цел забрзана интеграција на регионот во Унијата и прогресивен пристап до единствениот европски пазар. Планот е поддржан од Фондот за реформи и раст, кој обезбедува до 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година, од кои 2 милијарди се грантови, а 4 милијарди поволни заеми.

Најмалку половина од средствата се наменети за инвестиции во инфраструктурата, транспортот, енергетиката, како и за зелени и дигитални транзиции. Останатиот дел ќе поддржи национални буџети за спроведување на реформите.

За да ги добијат овие средства, земјите мораа да подготват Реформска агенда, која беше оценета и одобрена од Европската комисија и Советот на ЕУ. Ослободувањето на средствата ќе зависи од успешната имплементација на овие агенди, кои имаат за цел да поттикнат општествени трансформации преку усогласување со европските вредности, политики и практики.

 

Related posts

Атанасов: Образованието остана на маргините, штетите се долгорочни

admin

Фон дер Лајен подготвена за соработка со десничарите

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Нова обврзница: Државата позајмува од граѓаните за да го покрие буџетскиот дефицит

admin

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin

Нов план на Европската унија за Западен Балкан: Европа Сега

admin