12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Мицкоски во Унгарија на меѓувладин самит, средба со Орбан

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски допатува во Унгарија на вториот меѓувладин самит меѓу двете земји во помалку од шест месеци, каде што ќе оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега Виктор Орбан, соопшти владината прес-служба во Скопје.

Како што јавува ДВ, во рамките на дводневната посета, на 3 и 4 март, предвидени се и средби меѓу ресорните министри, како и заедничка владина седница. Според официјалните најави, министрите за надворешни работи на двете земји, Тимчо Муцунски и Петер Сијарто, ќе потпишат Акциски план за размена на експертиза во процесите на европска интеграција и надворешна трговска политика.

По завршувањето на меѓувладината седница, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Зближување со Унгарија

Ова е втора официјална средба на владите на Северна Македонија и Унгарија од септември минатата година, кога во Охрид беше одржан првиот ваков самит. Тогаш, Мицкоски го оцени партнерството со Будимпешта како стратешко, нагласувајќи дека „Унгарија е пример за балансирање на националниот суверенитет со глобалната интеграција“.

По охридската средба, Орбан изрази подготвеност Унгарија, како тогашен претседавач со Советот на ЕУ, да посредува во спорот меѓу Скопје и Софија, но Бугарија брзо го отфрли овој предлог, нагласувајќи дека не ѝ е потребен посредник.

Во изминатиот период, продлабочувањето на односите меѓу двете земји беше дополнително поткрепено со унгарски кредит од 500 милиони евра за Северна Македонија, од кои половина се наменети за поддршка на домашните компании, а остатокот за инфраструктурни проекти.

Средба во сенка на разлики во ЕУ

Средбата Мицкоски-Орбан се одржува во период кога во Европската унија се заоструваат разликите околу пристапот кон руската војна во Украина.

Орбан, кој редовно е критикуван од западните сојузници за неговиот став кон Москва, неодамна му испрати писмо на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое повика на директни разговори меѓу ЕУ и Русија за прекин на огнот.

„Во Лондон, европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Ова е погрешно и опасно. Унгарија останува на страната на мирот“, изјави Орбан по неодамнешниот самит на западните лидери.

Лидери на ЕУ претходно го осудија неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека тој „нема мандат да ја претставува Унијата“ во односите со Москва.

Не е познато дали прашањето за Украина ќе биде тема на разговорите меѓу Мицкоски и Орбан, но средбата во Будимпешта доаѓа неколку дена по тоа што Северна Македонија беше меѓу коспонзорите на американската резолуција за Украина во Обединетите нации.

 

 

Related posts

Бугарија чека влада, македонската влада – соговорник

admin

Граѓаните не веруваат дека нивната приватност е заштитена: Македонија потклекна со безбедносните реформи

admin

Министерот по име Фатмир (не)оди против студентите Албанци

admin

ИЗБРАНИ НОВИТЕ МИНИСТРИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ЗАМЕНИЦИТЕ

ninja

Голема полициска акција во Брисел: 15 европратеници осомничени за примање мито

admin

Русија и САД започнаа мировни преговори во Ријад, Украина ја отфрла иницијативата

admin