8.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ и ДУИ бараат истражни комисии за Кочани

Опозициската партија СДСМ и коалицискиот партнер во претходната влада, ДУИ, побараа формирање на посебни истражни комисии за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица.

Парламентарната група на Европскиот фронт, во која доминира ДУИ, побара итно создавање на комисија со меѓународен мониторинг за да се обезбеди, како што велат, „фер, независна и транспарентна истрага“. Од партијата соопштија дека во комисијата треба да бидат вклучени претставници на ОБСЕ, амбасадите на САД и земјите од Европската Унија.

„Селективната правда создаде ситуација без преседан, која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите“, се вели во соопштението на ДУИ. Партијата тврди дека правосудниот систем има „селективен и едностран пристап“ во истрагата за пожарот и предупредува дека политизацијата на процесот ја загрозува демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

Паралелно, СДСМ најави дека ќе ги искористи сите демократски механизми за да се осигура „неселективна правда и одговорност“. Од партијата велат дека ќе бараат анкетна комисија во македонското Собрание за утврдување на фактите и политичката одговорност.

Барањата на ДУИ следуваат по одлуката на Јавното обвинителство да му одреди 30-дневен притвор на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, како дел од истрагата за трагедијата.

„Во држава каде што целото општество е во тага, премиерот демонстрира вулгарни закани, нарачува апсења пред камери – не за да донесе правда, туку за да ја прикрие вистината“, реагираше ДУИ.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, ги отфрли ваквите обвинувања, изразувајќи жалење што ДУИ, наместо да учествува во истрагата, „се обидува да го политизира и етнизира случајот“.

Во меѓувреме, истрагата за пожарот продолжува. Досега се осомничени 34 лица, меѓу кои 27 физички и три правни лица, како и седум полициски службеници. Обвинителството најави испитување на повеќе од 300 сведоци и дополнителни вештачења.

 

 

Related posts

Финансиските пазари под страв и шок додека се заканува глобална трговска војна

admin

„Ајде да бидеме само Албанци“: Новото движење во Косово ги повикува муслиманите да го напуштат исламот

admin

ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНУВА АКЦИЈА „ЗАЕДНО СО НАРОДОТ“

ninja

СТОЛТЕНБЕРГ: Ова е најопасниот момент во европската безбедност за една генерација

admin

Меџити: Писмата на Ахмети – празни муабети

admin

ИНФОГРАФИК | Колку европејци живеат под кирија?

admin