21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување

Сите 59 жртви од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани починале од задушување, соопштија во четвртокот од Институтот за судска медицина.

„Обдукцијата покажа дека сите жртви настрадале од насилна смрт, најголемиот дел поради вдишување јаглерод моноксид, додека кај четворица е утврдено задушување од притисок при обид за бегство“, изјави за новинарите раководителот на Институтот, Александар Станков.

Тој додаде дека кај дел од жртвите биле констатирани изгореници од прв и втор степен, додека тројца имале изгореници од четврти степен. Кај четворица биле откриени и скршеници на ребрата, веројатно настанати при стампедото што се случило во моментите на паника.

„Сите обдукции се завршени, а целосниот извештај, вклучувајќи ги и токсиколошките анализи, се очекува до крајот на месецов“, рече Станков.

Пожарот во клубот „Пулс“ избувна во неделата вечер за време на настап на популарната хип-хоп група ДНК. Во врска со трагедијата досега се осомничени 34 лица, меѓу кои има и функционери.

 

Related posts

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja

Бројни нерешени афери во здравството среде скандалот на онкологија

admin

Мицкоски и Меџити се сретнаа со Зеленски во Лондон

admin

Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

admin

Франција и Европа се подготвуваат за можен конфликт со Русија

admin

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

ninja