19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тензии во владата? Го бојкотираат ли министрите на ВРЕДИ и ЗНАМ премиерот Мицкоски?

Посетата на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Унгарија отвори прашања за потенцијални тензии во владата, откако повеќе министри од коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ не беа дел од владината делегација. Додека официјалните објаснувања варираат – од протоколарни причини до претходно закажани обврски и здравствени проблеми – аналитичарите гледаат знаци на можна внатрешна криза.

Од Владата тврдат дека отсуството на министрите е резултат на протоколарни околности и не носи политичка позадина.

„Станува збор за протоколарна работа договорена со Унгарија. Секое министерство кое има соодветен партнер за средба е присутно. Дополнително, од фотографиите може да се забележи присуството на Љупчо Димовски, кој е дел од владината коалиција,“ изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, јавува телевизијата Тв24.

МЕЏИТИ ИМАЛ ГРИП!?

Заменик премиерот и министер за животна средина, Иzet Меџити, кој не патуваше во Будимпешта, се повика на здравствени причини.

„Не можев да патувам. Имам грип,“ рече тој.

Некои од министрите кои останаа во Скопје наведоа дека имале претходно закажани активности.

„Зошто не сум во Унгарија? Секогаш сум таму каде што мислам дека е приоритет за граѓаните и министерството. Вчера имавме настан со претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова во Велес, каде што се одбележа Денот на девојчињата и жените со попреченост. Во Унгарија се министрите кои потврдиле присуство, а тие се гледа кои се. Поканата ја добив и јас. Не се работи за бојкот,“ изјави министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, со сличен став, но во Будимпешта присуствуваше неговата заменичка Викторија Трајков. Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој исто така остана во земјата, учествуваше на настан за подигнување на свеста за дебелината, додека министерот за економија остана недостапен за коментар.

Од друга страна, министрите на ЗНАМ имаа свои причини за отсуството. Горан Минчев изјави дека нема соодветен партнер за средба во Унгарија, додека Филип Филков испрати заменик, бидејќи, според него, тоа било соодветното ниво на претставување.

БОЈКОТ ИЛИ СИМПТОМ НА ПОДЕЛБИ?

Освен министрите од ВРЕДИ и ЗНАМ, забележливо беше и отсуството на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ. Министерката за образование, Весна Јаневска, уште еден ден порано изјави дека има обврски во земјата.

Аналитичарите сметаат дека ова не е случајност. Тие потсетуваат дека министрите од ВРЕДИ и ЗНАМ беа присутни на првата меѓувладина средба со кабинетот на Виктор Орбан во септември минатата година, само три месеци по формирањето на владата на Мицкоски. Сепак, нивната „зафатеност“ сега се совпаѓа со зголемената тензија меѓу Брисел и Будимпешта, особено околу политиките кон Украина.

Северна Македонија и Унгарија беа единствените европски земји што се воздржаа при гласањето за европската резолуција во Обединетите нации, што дополнително ја истакна нивната блиска соработка. Оваа дипломатска насока, според некои извори, можеби не е прифатлива за сите членови на владината коалиција.

РАСЦЕПИ ВО ВЛАДАТА?

Ова не е првпат владата да се појави нецелосна на меѓународната сцена. Во неодамнешните официјални посети, министрите од ВРЕДИ не присуствуваа на пречекот на поранешниот српски премиер Милош Вучевиќ, додека Стоиљковиќ не беше присутен на состанокот со косовскиот премиер Албин Курти.

Иако официјалните објаснувања ги отфрлаат шпекулациите за раздор, ваквите случаи на селективно учество во клучни дипломатски средби сугерираат дека коалицијата на Мицкоски можеби не е толку стабилна како што изгледа.

 

 

Related posts

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

Данас: Можно ли е “Српската листа” да биде прогласена за терористичка организација?

admin

Закон за личен стечај – Реална потреба или во моментов, непопуларна мерка

admin

Олаф Шолц и Фридрих Мерц – жесток ТВ дуел за азилот и АфД

admin

Јан Коп: ВМРО-ДПМНЕ ризикува да го одложи членството за 3-4 години, нема да имате подобар договор со Бугарија

admin