19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Јован Костадинов, херојот од Кочани, се врати дома по спасувањето на 21 живот

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 живот при пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, беше пречекан со аплаузи во својата родна Виница, откако по еднонеделно лекување ја напушти скопската клиника.

„За жал, четири до пет пациенти се во сериозна состојба, но нашите колеги даваат сè од себе за да го поминат овој тежок период“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Херојски подвиг

Во моментите на паника, Костадинов неколкупати се вратил во запалената дискотека за да извлече луѓе заробени под урнатините, користејќи мокра маица за да се заштити од чадот.

„Јован не е само херој на Кочани, туку и на целата држава. Неговата храброст и пожртвуваност се инспирација за сите нас“, рече Таравари.

По несреќата, 12 пациенти, меѓу кои и Костадинов, се пуштени на домашно лекување, додека 27 остануваат во болниците во Северна Македонија, а 115 се на лекување во странство.

Долгорочно закрепнување

Јован и останатите повредени ќе бидат под лекарска опсервација во следните два до три месеци, информираше директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев.

„Тој беше примен поради белодробни потешкотии предизвикани од вдишување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид. По седумдневна терапија, е пуштен во подобрена состојба“, рече Чибишев.

Неколку западноевропски држави понудија подолгорочна рехабилитација за најтешко повредените. Министерството за здравство ќе одлучи во наредните денови каде ќе бидат сместени тие пациенти, доколку е потребна дополнителна нега.

Психолошка поддршка и хуманитарна помош

Повеќе од 130 психолози се ангажирани за пружање психолошка поддршка на учениците, студентите и граѓаните во регионот погоден од трагедијата. Поддршката е достапна и преку телефонски линии.

Црвениот крст започна со исплата на парична помош во износ од 150 илјади денари за семејствата на починатите и на повредените кои се лекуваат во странство.

Во трагедијата во Кочани загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

 

 

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека згаснатото СЈО било под политичко влијание на СДСМ

admin

Грозоморен инцидент во училиште во Ѓорче Петров: Првооделенци се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише

admin

Богата, стабилна, но поделена: Зошто Швајцарија повторно гласаше за имиграцијата

admin

ДАВА – стравот на Германија од „партијата на Ердоган“

admin

ЕСКОБАР: ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ДОБАР ПАРТНЕР ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕУ АГЕНДАТА

ninja

“ФРАНЦИСКИ ПРЕДЛОГ”, ПОРАКА НА АМБАСАДОРОТ НА САД КЕЈТ МАРИ БРНЗ

ninja