20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николоски: Не очекувам Таравари да соработува со ДУИ, тоа би било политичко самоубиство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека не очекува лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, да влезе во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ), оценувајќи дека таков потег би значел политичко самоубиство.

“Тој има големо политичко искуство. Можеби сум го критикувал најмногу од сите што сме дел од актуелната влада, но ако го оставиме тоа настрана, факт е дека тој има искуство и не мислам дека е толку наивен да се впушти во соработка со ДУИ. Би се изненадил доколку покаже таква политичка наивност,” изјави Николоски за емисијата „360 степени“.

Тој додаде дека освен евентуалната соработка со ДУИ, нема други причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ или премиерот Христијан Мицкоски би размислувале за прекин на партнерството со Таравари, истакнувајќи дека тој ужива доверба меѓу членовите на владата.

Во врска со турбуленциите во коалицијата „Влен“, Николоски апелираше до партнерите да седнат на заедничка маса и да ги надминат несогласувањата.

 

Related posts

МАКЕДОНИЈА УВЕЗЕ 40 МИЛИОНИ ЕВРА СТРУЈА – КОЈ СЕ ОФАЈДИ?

ninja

Пендаровски и Мицкоски во кавга за рејтинзите и изборите

admin

Ремонт на „балансерот“ за државно вработување или целосна замена?

admin

Германската економија е во криза: компаниите алармираат

admin

„Огнените“ и официјално поднесоа барање за отстранување на дефиницијата „20 проценти“

admin

Јапонија влегува во рецесија, сега Германија трета економија во светот

admin