26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, осуден на 3,5 години затвор за нелегална градба и злоупотреба на функцијата

Основниот кривичен суд во Скопје го осуди поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на три години и шест месеци затвор поради нелегална градба и злоупотреба на службената положба, јави Skopje1.

Судот соопшти дека заедно со Јакимовски е осуден и поранешен општински службеник, кој доби условна казна од две години затвор, што нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело во рок од пет години.

Јакимовски беше прогласен за виновен за две кривични дела – нелегална изградба на административен објект на локалната самоуправа, за што доби казна од една година затвор, и злоупотреба на службената положба, за што доби три години затвор.

„Со оглед на тоа што против обвинетиот С.Ј. се водеше постапка за две кривични дела, судот изрече единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци,“ соопшти Кривичниот суд, додавајќи дека во пресудата е вклучено и времето поминато во куќен притвор.

Судијата кој ја објави пресудата изрази загриженост поради долгото времетраење на судскиот процес, кој траел повеќе од шест години без оправдана причина.

 

Related posts

Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

admin

Муцунски: Пауза само за иселеничките визи за САД, другите категории не се засегнати

admin

Дивите депонии горат, смрдат, загадуваат – модерни центри за отпад нема

admin

Електричните автомобили се вратија во полн ек: Продажбата во ЕУ скокна за речиси 30%

admin

Европскиот парламент го усвои извештајот за Северна Македонија без формулација за „македонски јазик и идентитет“

admin

СДСМ: Наместо реформи, Мицкоски продуцира судири со соседите

admin