31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ му реагира на Николовски: Опасна амбиција за политички инженеринг во албанскиот блок

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за обид да влијае врз политичката сцена меѓу Албанците, реагирајќи на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој оцени дека евентуална коалиција помеѓу ДУИ и Алијансата за Албанците (АА) би била „политичко самоубиство“.

„Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека соработката на албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство е доказ за нивната опасна амбиција за политички инженеринг во албанскиот блок, со цел создавање марионетска структура под нивна контрола,“ се вели во реакцијата на ДУИ објавена во понеделникот.

ДУИ ја оцени изјавата како израз на „одмазда кон ДУИ и кон Албанците, водена од геополитички, антиевропски и шовинистички мотиви“, наведувајќи пет причини за, како што велат, системската кампања против нив.

Партијата наведува дека нивната улога во интеграцијата на земјата во НАТО, зачувувањето на европската перспектива, спроведувањето на Рамковниот договор и воведувањето на механизми за владеење на правото преку Поглавјата 23 и 24 претставуваат закана за корумпираните и националистички структури.

ДУИ исто така ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека има амбиција да создаде „албанска марионетска структура“ која ќе биде лојална на „антиевропски и дискриминаторски политики“.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците. Албанците ќе одлучуваат самите,“ стои на крајот од реакцијата.

Изјавата на ДУИ доаѓа откако Николоски, во гостување на емисијата „360 степени“, рече дека не очекува лидерот на АА, Арбен Таравари, да влезе во коалиција со ДУИ. „Би се изненадил доколку покаже таква политичка наивност,“ изјави Николоски, додавајќи дека Таравари ужива доверба кај членовите на владата и дека не постои друг фактор кој би го довел во прашање нивното партнерство освен евентуална соработка со ДУИ.

Во однос на внатрешните несогласувања во албанската коалиција „Влен“, Николоски ги повика партнерите на дијалог со цел да ги надминат разликите.

 

Related posts

Фон дер Лајен: Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината

admin

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ОХРИД – УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА ДОГОВОР ВУЧИЌ – КУРТИ

ninja

Законите за Коридорот 8 и 10д во Собрание, опозицијата вели дека се озаконува криминалот

admin

ПРВА ПРЕСУДА ВО ХАГ ЗА ЕДЕН ОД КОМАНДАНТИТЕ НА ОВК

ninja

СДСМ: Наместо одговори за урбаната мафија, ВМРО-ДПМНЕ зборува за дестабилизација

admin

КОРУПЦИЈАТА Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, РЕШЕНИЕТО Е ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС КОН ЕУ, РЕЧЕ ЕСКОБАР

ninja