21.5 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Меџити: Паднаа маските, се потврди тајната соработка – промената продолжува

Пратеникот и лидер на Демикратско движење, Изет Меџити, обвини за постоење на, како што ја нарече, „тајна спогодба“ меѓу политички актери кои, според него, глумеле конфликт додека зад сцената соработувале. Алудирајќи на Али Ахмети од ДУИ и Арбен Таравари, тој ја нарече соработката меѓу нив “латиноамериканска серија”.

„Вчера паднаа маските: протагонистите на латиноамериканската серија јавно признаа тоа што многупати досега го нагласував – дека постоела скриена спогодба за соработка“, напиша Меџити на Фејсбук.

Тој ја нарече нивната иницијатива „неуспешен обид за рушење на Владата“, додавајќи дека „не помогнаа ниту бомбастични говори, ниту глумење жртви, сервилност или лажен патриотизам“.

„Промената продолжува, без лажни херои за еднократна употреба“, нагласи Меџити, повикувајќи на исполнување на волјата на, како што рече, 107.000 албански гласачи кои имаат право да се чувствуваат изневерени.

Во пораката, тој повтори дека „борбата против корупцијата нема алтернатива“ и најави одговорност за „незаконско богатење“.

Меџити ја повика опозицијата да го докаже својот интегритет со конкретни постапки, вклучително и, како што рече, „предавање на суперфункционерот од црната листа на надлежните истражни органи“.

 

Related posts

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

admin

КУРТИ – РАЗГЛЕДУВАМЕ МОДЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ

ninja

Заедничка декларација по Првиот Самит Молдавија – ЕУ во Кишињев

admin

Од максимум бодови за ДКСК, до осомничена за „Адитив“

admin

Американски емисар: „Елиминирањето на непријателите не функционира“ – дистанца од политиката на Нетанјаху

admin

Осум Македонци се изјасниле како Албанци за да добијат работа во општината

admin