29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Северна Македонија започнува најголемата воена вежба „Брз одговор 2025“ со сојузнички и партнерски армии

Над 2.000 војници од девет земји, меѓу кои Северна Македонија, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство, започнаа денеска заедничка воена вежба на армискиот полигон Криволак, во рамки на вежбата „Брз одговор 2025“, дел од пошироката мултинационална операција DEFENDER 2025 што се одвива низ Европа.

Северна Македонија учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185, Косово со 150, Австрија со 70, Грција со 50, Албанија и Италија со по 30 и Велика Британија со двајца учесници.

Вежбата ќе трае до 9 јуни, а ќе се користи различна формациска опрема, вклучувајќи тенкови Leopard, хеликоптери AH-64 Apache и Black Hawk, инженериски возила Husky, минофрлачи од 120 мм, транспортни хеликоптери Ми-8/17 и оклопни возила JLTV и HMMWV. Ќе се користи и маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Според Генералштабот на Армијата, целта е тестирање на способноста на НАТО да одговори на безбедносни закани, вклучително и сајбер напади, и зајакнување на интероперабилноста и подготвеноста за заедничко дејствување во сложени средини.

„Брз одговор 2025“ се поклопува со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Северна Македонија, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека вежбата е доказ за растечкото стратешко партнерство меѓу двете земји. „Овие активности ја зајакнуваат нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста и ја зголемуваат подготвеноста на нашите вооружени сили“, рече Агелер.

Отворен ден за граѓаните со прикажување на опремата и активности на единиците е закажан за 1 јуни во Кавадарци, а главниот мултинационален настан со присуство на медиуми и високи гости ќе се одржи на 2 јуни на Криволак. Тогаш ќе се реализира и симулацијата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

 

 

 

 

Related posts

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

Локални избори во Турција, главната политичка битка се води за Истанбул

admin

ЏЕС БЕЈЛИ: Ново вето за Скопје ќе биде разочарување за Вашингтон

admin

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

БАЛКАНОТ СЕ ОБЕДИНУВА ОКОЛУ ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА

ninja

Агелер си обелодени плановите на САД: Ќе има нови имиња на „црните листи“

admin