33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Таравари во Тирана кај Рама: Разговор со „најевропскиот премиер на моментот“

Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, денеска во Тирана остварил средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, која, според него, била срдечна и насочена кон иднината, јавува Инбокс7.

Во пораката објавена на социјалните мрежи по средбата, Таравари напиша: Со најевропскиот премиер на моментот, или како што деновиве сите велат – со Еди.“

Иако официјални детали од разговорот не беа објавени, извори блиски до делегацијата посочуваат дека се разговарало за политичката агенда на АА по напуштање на владата.

Средбата со Рама следува откако високиот функционер на Алијанса за Албанците и заменик-премиер за добро владеење, Арбен Фетаи, во придружба на неколку членови на партијата, во саботата се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти.

Фетаи, кој во јавноста важеше за близок до  Таравари, со оваа посета јавно ја демонстрира поддршката за коалицијата ВЛЕН и за политичката соработка со движењето Самоопределување на Курти.

„На разденување, заедно со неколку пријатели од идеалот во Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, по автопатот ‘Арбен Џафери’ – пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на духовната и националната поврзаност“, напиша Фетаи на Фејсбук.

„Во Приштина остваривме братски разговор со нашиот пријател Албин Курти. Она што денес не обединува, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеалот за напредок и развој – идеал кој не познава граници ниту пречки“, додаде тој.

Фетаи веќе потврди дека ќе ја претставува АА во ВЛЕН со двајца пратеници, а зад него стојат и други клучни фигури кои до скоро беа блиски соработка на Таравари.

 

Во делегацијата со Фетаи на средбата со Курти бил и поранешниот министер за информатичко општество Азир Алиу, кој се сметаше близок соработник на Таравари. Тој соопшти дека останува дел од коалицијата ВЛЕН и актуелната влада, истакнувајќи дека „промената не се напушта при првиот отпор“.

Во објава на Фејсбук, Алиу изрази почит кон политичките одлуки на партискиот лидер, но нагласи дека чувствува должност да остане во процесот што, како што вели, започнал заедно со другите членови на ВЛЕН.

„Оваа Влада за првпат сериозно ги отвори институциите, почна системски да се справува со проблемите, отпочна пресметка со корупцијата и криминалот и го подигна гласот против заробената држава и познатите корумпирани структури во ДУИ“, напиша Алиу.

Тој предупреди дека излегувањето од коалицијата во овој момент, без јасен план, може да доведе до „индиректно рехабилитирање“ на стари структури и наративи кои, според него, не нудат иднина.

„Верувам дека секој млад Албанец и интелектуалец заслужува политичка алтернатива – авангарда што нуди поинаква иднина, победа за надежта и за вредностите, а не за минатото и хаосот“, истакна Алиу.

Тој додаде дека останува „рамен со тие што продолжуваат да се соочуваат со предизвиците“, оценувајќи дека сега повеќе од кога било е потребно обединување, а не поделби кои му одат во прилог на статус-квото.

Инаку, Курти се смета за кум на коалицијата ВЛЕН и неговиот авторитет е клучен за одржување на оваа групација заедно, со тенденција да прерасне во една политичка партија.

Рама и Курти веќе долго време се борат за влијание и политичка доминација над етничките Албанци, кој се одразува и во политичкиот кампус на етничките Албанци во Северна Македонија.

Related posts

КУРТИ ЗА ЗСО: СРБИЈА САКА КАФЕ БЕЗ ФИЛЏАН

ninja

Чија е оваа зграда: Се вжешти „војната“ околу дивоградбите

admin

ИЗРАЕЛ ОДГОВОРИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА РАКЕТИРАЊЕТО ОД ГАЗА

ninja

Санкциите на ЕУ до страотен резултат: Увозот на нафта од Русија падна за 90 отсто

admin

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

ninja

Познат добитникот на Нобеловата награда за мир

admin