25.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: Не чувствувам вина за случајот „Онкологија“, нека одговара кој го прекршил законот

Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, изјави дека не чувствува вина за случајот „Онкологија“, откако Обвинителството поднесе две обвиненија за злоупотреби на Клиниката за онкологија – едно за финансиски неправилности, друго за несоодветен третман на пациенти.

„Апсолутно не чувствувам вина. Добро е што има процес – нека се види вистината“, изјави Филипче, коментирајќи го случајот што го потресе здравствениот систем во земјата.

Тој обвини дека случајот е дел од „лажна кампања“ насочена кон него лично, организирана од ВМРО-ДПМНЕ. „Сите наводи кои се изнесени на Комисијата беа лаги и клевети. Документите кои ги презентирав докажуваат дека Министерството постапувало согласно законските ингеренции, дури и во најтешките ковид времиња“, рече Филипче.

Поранешниот министер додаде дека секој кој прекршил закон – треба да одговара.

Истражниот процес, кој започна во јануари 2024, опфати петмина осомничени за злоупотреба со терапија за пациенти со рак, како и за финансиски проневери. Минатата недела беа поднесени две обвиненија – првото за економското работење на клиниката, второто против четворица онколози за несовесен третман на пациенти.

Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката за онкологија, кого Обвинителството го товари за „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Медицински вештачења утврдиле дека кај 29 пациенти е применет неподобен третман, со што сериозно им било нарушено здравјето.

Обвинителството најави дека во наредните денови ќе ги контактира пациентите како потенцијално оштетени страни, со цел да бидат информирани за нивните права.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го повика Филипче да понесе одговорност. „Со изјавите дека не чувствува вина, Филипче покажува дека го интересираат само пари, не и судбината на онколошките пациенти“, соопшти партијата.

 

 

 

 

Related posts

ЕУ усвои 16-ти пакет санкции против Русија на третата годишнина од инвазијата врз Украина

admin

Левица обвинува за корупција зад етничка реторика, бара одговорност за урбаниот хаос во Чаир

admin

ИЗРАЕЛ ОДГОВОРИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА РАКЕТИРАЊЕТО ОД ГАЗА

ninja

Нема да се произведуваат електрични автомобили во Тетово, раскинат договорот со Е.ГО

admin

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ СЕ СОПНУВА НА РАКОВОДНИ МЕСТА

ninja

ВЛЕН ја разбранува владата, Мицкоски апелира на смирување

admin