19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По изборите ќе падне одлуката – Дали Уставниот суд ќе го поништи Законот за јазиците?

Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците е закажана за 19 јуни, изјави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, кој очекува конечната одлука да биде донесена по локалните избори за да се избегне политизација и етнизација на процесот.

„Да не се случеше трагедијата во Кочани, подготвителната седница веќе ќе беше одржана. По седницата, ќе ни бидат потребни уште месец, месец и половина, за да се подготви реферат и да се сумираат сите мислења,“ изјави Костадиновски за ТВ емисијата „Трилинг“.

Уставниот суд во декември 2024 година одлучи да отвори постапка по иницијативи за оценка на уставноста на Законот за јазиците. Костадиновски посочи дека Судот утврдил пет до шест спорни прашања и планира да вклучи експерти од Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права, како и домашни стручњаци по уставно и меѓународно право.

Костадиновски ги отфрли тврдењата за пристрасност, додавајќи дека одлуката нема да биде напад врз ничии права и дека „етничката димензија непотребно се наметнува во јавноста“.

„Не постои проблем во меѓуетничките односи. Проблемот е во злоупотребата на тие односи за политички цели,“ рече тој.

Најавата дека конечната одлука ќе се донесе по изборите предизвика реакции од партиите. Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) го обвини Уставниот суд дека „делува како параполитички продолжеток на власта“ и дека постои тајна спогодба со Владата за укинување на законот по изборите.

„Ова е обид за политички инженеринг и удар врз постигнувањата на Охридскиот договор,“ соопшти ДУИ, додавајќи дека изборите ќе бидат „референдум за албанскиот јазик и граѓанската еднаквост“.

Од партијата Вреди, дел од владејачката коалиција, возвратија дека ДУИ се обидувала да ја дестабилизира државата преку судии кои, како што велат, ги именувале самите. „Планот на ДУИ пропадна пред да се реализира. Албанскиот јазик не е предмет на преговори,“ соопшти Вреди.

Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август.

Related posts

СДСМ: ЗНАМ остана само „празна школка“ на ВМРО-ДПМНЕ

admin

НАСА објави први снимки од Земјата направени за време на историската мисија „Артемис II“

admin

НУБ „Св. Климент Охридски“ донираше книги за македонските иселеници

admin

Каде е Европа во новиот светски поредок?

admin

Рама: Химара е Албанија

admin

Извонреден концерт со Благој Нацоски, Паола Кампоново и Алфредо Блесано во Сан Квирино ди Порденоне

admin