-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уште еден пратеник му го сврте грбот на Таравари

Пратеничката на Алијансата за Албанците, Мимоза Муса, изјави дека останува лојална на мандатот добиен од над 107.000 гласачи на коалицијата ВЛЕН, нагласувајќи дека нејзиното политичко делување ќе остане во служба на граѓаните, а не на лични интереси, јавува Инбокс7.

„Овој мандат не е само бројка, туку глас на еден народ изморен од над 20 години власт на ДУИ и кој бара промена,“ напиша Муса на Фејсбук, ставајќи до знаење дека нема да го следи нејзиниот партиски лидер, Арбен Таравари, кој ја напушти коалицијата ВЛЕН и Владата.

Во услови на, како што го оцени, „разнишан политички амбиент“, Муса порача дека останува доследна на коалицијата ВЛЕН, каде реши да остане фракција на АА предводена од вицепремиерот Арбен Фетаи и екс министерот Азир Алиу..

„Довербата што ми ја дадовте нема да ја изневерaм. Не сум тука за личен интерес, туку да им служам со достоинство и одговорност на сите што веруваат во оваа мисија,“ напиша Муса, додавајќи: „Промената започна и ние ќе ја водиме напред.“

 

 

Related posts

ДУИ бара предвремени избори, ВЛЕН изразува подготвеност

admin

ВИДЕО Големо невреме од Хрватска пристигна во Србија

admin

Фон дер Лајен се повлекува, истакнува „непоколеблива“ поддршка за меѓународниот поредок базиран на правила

admin

Крвава пресметка на Пекинг: Стрелани 11 членови на озлогласена мафија што киднапирала илјадници луѓе

admin

Трамп сака борец против новинарите: Му понуди работа во Белата куќа на шефот на УФЦ

admin

Мицкоски побара разговор со Фон дер Лајен за кризата со превозниците, блокирани гранични премини низ регионот

admin