19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: Ќе објавам документи за визата за Дубаи, но суштината е во бизнисите на владините функционери во Бугарија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека ќе објави документи за неговата т.н. златна виза за Дубаи, но оцени дека нападите против него имаат за цел да го одвлечат вниманието од, како што рече, вистинскиот проблем – бизнис-врските на членови на Владата со Бугарија.

„Да, апсолутно, и со основата и со сè ќе излезам во јавноста,“ рече Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, одговарајќи на прашање дали има документи што докажуваат дека визата ја добил врз основа на преговори за работа во болница.

Тој ја отфрли тезата дека визата е добиена поради инвестиции во недвижности во Обединетите Арапски Емирати.

„Тоа е страшна ПР-пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту инвестиции, ниту недвижности. Визата е добиена на основа на професионални квалификации – како доктор,“ рече Филипче, додавајќи дека тоа се случило во период кога не бил политички активен, пред кандидатурата за пратеник во 2024 година.

Според него, целта на овие напади е политичка.

„Суштината е дека половина од членовите на Владата имаат бугарски пасоши, фирми во Бугарија и прават сериозни бизниси таму,“ рече Филипче. „Тоа е вистинското прашање, не дали Венко Филипче има виза.“

На прашање дали поседува имот во Дубаи, тој одговори: „Не, немам никаков имот.“

Филипче ги негираше и тврдењата дека заедно со поранешниот премиер Зоран Заев имал акции во авиокомпанија во Индија.

„Тоа е апсолутно невистина,“ изјави тој.

На споредбата со бизнис-активностите на тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, Филипче рече дека во неговиот случај „нема никаков бизнис“ и ја отфрли паралелата.

 

.

 

 

Related posts

Бектеши: Власта дала инструкции за следење на опозицијата

admin

Балкански лидери се приклучуваат на мировната иницијатива на САД за Газа

admin

Дојче веле: М-НАВ – “семејно гнездо” на властодршци

admin

Полскиот претседател го блокира европскиот заем за оружје – земјата на работ на финансиска криза!

admin

Синдикатите во Македонија протестираат за повисока минимална плата

admin

Филипче: Не чувствувам вина за случајот „Онкологија“, нека одговара кој го прекршил законот

admin