24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Еврокомесарката Кос во Скопје, фокус на реформите и Планот за раст на Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во Скопје на дводневна посета, во рамки на Самитот ЕУ–Западен Балкан посветен на Планот за раст, чија цел е забрзување на економската конвергенција и интеграција на регионот во Европската унија.

Кос беше пречекана од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, по што одржа билатерална средба со премиерот Христијан Мицкоски, кој по разговорот изјави дека Владата останува цврсто определена за достоинствено членство во ЕУ преку спроведување на суштински реформи во владеењето на правото, економијата и дигиталната трансформација.

„Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот кон ЕУ“, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот Муцунски истакна дека земјата останува доследна на усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и е потписничка на Партнерството за безбедност и одбрана со Унијата.

Од Европската комисија соопштија дека Кос во Скопје ќе се сретне со лидерите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија за да разговараат за начини за унапредување на реформите и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Планот за раст, вреден 6 милијарди евра, беше усогласен во мај 2024 година и предвидува грантови и поволни заеми за земјите од Западен Балкан, врз основа на напредок во спроведувањето на реформската агенда 2024–2027. За Северна Македонија се предвидени 750 милиони евра.

Опозициската СДСМ обвини дека Владата не покажала капацитет да ја реализира реформската агенда и оти милиони евра од Планот за раст останале неискористени. „Нула реформи, ниту еден нов проект“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани одговори дека иако имплементацијата во јуни ќе биде нешто пониска, средствата не се под ризик доколку реформите бидат успешно спроведени до јуни 2026 година.

Утре, според агендата, ќе се одржат два панела во рамки на Самитот. Мицкоски и Кос ќе се обратат на отворањето на панелот за Планот за раст, по што ќе следи заедничка прес-конференција. Вториот панел ќе биде посветен на механизмите за имплементација на Планот, со учество на министри и високи претставници од ЕУ и други меѓународни партнери.

 

 

Related posts

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Почна ли Големата војна? Иран испрати стотици ракети кон Израел!

admin

Еден кандидат не го потпиша кодексот за фер и демократски избори

admin

Вучиќ и Орбан ги набљудуваа воените вежби во Србија

admin

Рама ги насмеа европските лидери

admin

БОРИСОВ – ГЛЕДАМ ОБИД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ

ninja