27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Европа стравува од војна, Балканот од глад: Еве што откри новата анкета

Граѓаните на Европската унија и на Западен Балкан имаат различни приоритети и погледи кон иднината, покажува пролетната анкета на Евробарометар за 2025 година.

Според податоците, граѓаните на ЕУ и понатаму се фокусираат на безбедносни прашања, особено во контекст на војната во Украина, додека граѓаните на Западен Балкан се повеќе загрижени за зголемените цени, криминалот, корупцијата и состојбата во здравствениот сектор.

Анкетата укажува на значителни разлики меѓу земјите во регионот. Во Србија е регистриран најголем пораст на песимизмот за општата состојба во земјата – за 19 проценти, додека речиси 80 отсто од анкетираните на Косово ја оцениле состојбата во својата земја како позитивна.

Во однос на пазарот на труд, 76 проценти од испитаниците во Косово изразиле задоволство, додека во другите земји од регионот приближно 40 проценти сметаат дека можноста за вработување е добра – што е во просекот на ЕУ.

Албанија бележи најголем пораст на оптимизмот – за 17 проценти, додека Босна и Херцеговина регистрира пад на оптимизмот од 6 проценти.

Во Србија, две третини од испитаниците сметаат дека состојбата е лоша, а сличен тренд е забележан и во Црна Гора и БиХ, каде што мнозинството предвидува дополнително влошување во следната година.

Наспроти тоа, граѓаните на Косово и Албанија остануваат оптимисти за иднината, со поголем процент на испитаници кои очекуваат подобрување на животните услови во споредба со есента 2024 година.

Интересот за членство во ЕУ останува висок во речиси сите земји од регионот, освен во Србија, каде ставовите се поделени – еднаков број испитаници го оценуваат членството како позитивно, негативно или се неутрални.

Црна Гора бележи најголем пораст на поддршка за ЕУ – за 13 проценти, а Албанија останува една од најпроевропски ориентираните земји во регионот.

 

 

 

 

Related posts

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

ninja

Ниту стратегиите, ниту политиките не помагаат: Најмногу пари и понатаму одат во најразвиените региони

admin

Чардаш за телекомуникацискиот дуопол во РСМ

admin

МАКЕДОНИЈА ЗАГРИЖЕНА, А АПАСИЕВ СО ПОДРШКА ЗА ПУТИН: САКАВТЕ КОСОВО, ЕВЕ ВИ УШТЕ ДВЕ

ninja

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin