35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Европскиот парламент ќе расправа за „современ“ македонски јазик и идентитет

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во средата го усвои нацрт-извештајот за Северна Македонија, со кој ѝ се упатува поддршка на европската перспектива на земјата, но се бараат и уставни измени и засилени напори во борбата против корупцијата.

Извештајот, кој го изработи европратеникот Томас Вајц од австриските Зелени, беше усвоен со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“. Документот содржи и експлицитни референци за македонскиот јазик и идентитет, што предизвика реакции од Бугарија и најави за амандмани на претстојната пленарна седница.

Во еден од членовите, Европскиот парламент ја повикува Европската унија „јавно и недвосмислено“ да го поддржи вклучувањето на Северна Македонија во следната фаза од пристапните преговори, „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“.

Дополнителен амандман, усвоен на 24 јуни, ја потенцира „важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од уставниот поредок и европските вредности“, наведувајќи дека тие се „темел на демократските општества и на процесот на пристапување во ЕУ“.

Сепак, прашање е дали ваквите формулации ќе останат и по пленарното гласање. Конзервативната Европска народна партија (ЕПП), преку својот координатор Михаел Галер, најави амандман со кој се бара терминот „македонски јазик и идентитет“ да се замени со „современ македонски јазик и идентитет“. Предлогот, според Галер, има поддршка и од Социјалистите и Демократите (СиД), Обновата на Европа и Зелените – групи кои заедно имаат мнозинство во парламентот.

Галер изјави дека ваквиот пристап треба да ја одрази чувствителноста на прашањето и ставовите на Бугарија. Бугарските членови на Комисијата за надворешни работи, исто така, побараа нивното малцинско мислење да биде нотирано во Извештајот.

„Горд сум што по две години имаме усвоен извештај за Северна Македонија“, изјави Вајц по гласањето. „Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. По 20 години во чекалната, мораме да го задржиме позитивниот моментум и да продолжиме со процесот на проширување.“

Related posts

Парите вложени за инфраструктура ќе се вратат повеќекратно

admin

На тест ЕУ-интегративниот, ама и демократскиот капацитет

admin

Германија: На сила стапува новиот закон за државјанство

admin

ЕУ му возвраќа на Трамп, вон дер Лајен: Веќе ја финализираме првата група контрамерки

admin

Со какви пораки доаѓа Фон Дер Лајен во Скопје

admin

Со заем од нафтените резерви ќе се решава кризата во ЈСП

admin