35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Кушнер и Иванка Трамп на одмор во Албанија, се сретнаа со Рама – вложуваат над 1 милијарда долари во островот Сазан

Џаред Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп минатата недела поминаа два дена во јужна Албанија, во посета што, според локалните медиуми, се поврзува и со деловните планови за развој на луксузен туристички комплекс на островот Сазан.

Парот, придружуван од нивните деца, престојувал во приморскиот град Валона. Иако официјалната причина за посетата не е соопштена, се верува дека станува збор за комбинација од приватен одмор и активности поврзани со инвестиции.

Локални извори јавуваат дека Кушнер и Трамп во текот на престојот во Албанија имале средба и со премиерот Еди Рама.

Иванка Трамп изјавила дека планот е на Сазан да се изгради „идеален ресорт“. Островот, кој со години е ненаселен и користен како поранешна воена база, ќе биде трансформиран во ексклузивна туристичка дестинација со луксузни вили изградени на карпите што се спуштаат кон морето.

Меѓународните медиуми последниве денови повторно го актуализираа проектот, опишувајќи го како „медитерански оаза“ наменета за богати посетители подготвени да платат високи суми за уникатно искуство.

Весникот The Guardian неодамна го нарече проектот „Островот на Трампови“, известувајќи дека Кушнер и Трамп веќе инвестирале над 1 милијарда долари во развојот, кој ќе започне откако ќе бидат отстранети неексплодираните проектили од островот.

Ако се реализира, проектот ќе претставува една од најголемите приватни странски инвестиции во туристичкиот сектор на Албанија досега.

 

 

Related posts

ГРЦИЈА ГО РЕГИСТРИРАШЕ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ninja

Германија мора да реши многу проблеми – но како?

admin

Бугарија да одзема државјанства заради говор на омраза

admin

Што да очекуваме од претседателот Трамп во вториот мандат

admin

Хамнеи: Нападите на САД не беа за нуклеарно оружје, туку за иранска капитулација

admin

Мицкоски: Владата го усвои предлогот за кредитот од Унгарија

admin