23.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски најавува крај на блокадите: Ќе има ли тајна коалиција со Али Ахмети?

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е блиску до надминување на застојот со Инспекторатот за употреба на јазиците, кој е парализиран повеќе од шест месеци поради законска неусогласеност и недостиг од т.н. Бадинтерово мнозинство.

Во интервју за телевизијата Алсат, Мицкоски рече дека институцијата, каде што вработените со месеци не добиваат плата, наскоро би можела повторно да функционира, откако ќе се обезбеди поддршката од потребните пратеници од помалите етнички заедници.

Тој рече дека недостигаат уште неколку пратеници, но многу помалку од шест. Прашан дали е блиску до договор со Беџан Илијаз, Мендух Тачи или можеби со Али Ахмети, Мицкоски со одговор: “Не би именувал никого, но ако Ахмети гласаше за Законот за администрација, зошто да не го поддржи и овој?“.

Тој избегна да потврди или негира шпекулации дека пратеници од албанскиот блок во власта би можеле да се приклучат на мнозинството. „Не сакам да зборувам за ‘зелена трговија’ со пратеници. Јас се држам до системот на вредности. Кој го прифаќа тој систем, е добредојден во Владата“, рече тој.

Во однос на повиците на албанската опозиција за одржување вонредни парламентарни избори заедно со локалните на есен, Мицкоски оцени дека нема потреба од двојни избори. Тој додаде дека октомвриските избори ќе покажат во каква држава сакаат да живеат граѓаните, изразувајќи очекување дека коалицијата ВЛЕН ќе има предност пред ДУИ и Таравари.

„Очекувам ВЛЕН да победи и да добие барем еден градоначалник повеќе од новоформираниот фронт на ДУИ и делот што остана од партијата на Арбен Таравари“, рече Мицкоски.

 

 

 

Related posts

Таравари: Нe повеќе од 6 месеци за уставните измени

admin

Странци ни ги опремуваат лабораториите – Македонија „скржава“ за наука

admin

ЕУ усвои 16-ти пакет санкции против Русија на третата годишнина од инвазијата врз Украина

admin

Започнуваат деновите на германскиот филм

admin

Крај на хартијата? ЕУ воведува дигитален паричник за сите компании

admin

Бугарски Труд: Во Северна Македонија има 216.594 етнички Бугари, пописот бил манипулиран

admin