19.7 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски најави соработка со Интерпол, опозицијата го отвори случајот со петте тони дрога

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при што, според Владата, разговарале за унапредување на соработката во борбата против организираниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе и прекуграничниот криминал.

На средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Мицкоски соопшти дека Северна Македонија останува посветен партнер во меѓународните безбедносни напори и дека само преку координација, размена на информации и заедничко дејствување може поефикасно да се заштитат граѓаните и владеењето на правото.

Опозициската СДСМ реагираше дека најавите за борба против организираниот криминал мора да бидат проследени со конкретни истраги, а не само со декларативни изјави.

Партијата го повика Мицкоски да побара истрага за случајот со, како што наведуваат, пет тони дрога што поминале преку македонската граница и царина, а дел завршил во Србија.

Од СДСМ прашуваат како е можно толкава количина наркотици да ја помине државната граница без знаење на надлежните институции и бараат да се утврди одговорност.

Партијата оцени дека соработката со Интерпол ќе има вистинска смисла само ако институциите целосно ги расчистат случаите поврзани со организираниот криминал.

Related posts

Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај во СПАК: Под истрага за корупција и злоупотреба на функции

admin

Нетанјаху успешно третиран од рана форма на рак на простата

admin

Кошта доаѓа во Скопје: Ќе има ли нова понуда за деблокада на евроинтеграциите?

admin

Политичка пресвртница во Словенија: Стевановиќ на чело на парламентот, неизвесност околу новата влада

admin

Деспотовски до СДСМ: Јавно извинување или правна постапка

admin

Бајден: Нема да му се поклонам на Путин

admin