31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

„Целосна воздушна доминација“: Израел ги урива иранските ракети, Техеран се соочува со масовна евакуација!

Израелските воздухопловни сили воспоставија целосна воздушна контрола над Техеран, откако уништија една третина од балистичките ракети на Иран, изјави портпаролот на армијата, генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција во неделата.

Во две одделни бранови напади, иранските сили лансираа 65 балистички ракети и десетици дронови кон Израел. На четвртиот ден од директниот конфликт, осум израелски граѓани загинаа, а 92 беа повредени, претежно во северниот град Хаифа, каде ракети погодија објект во близина на дом за стари лица.

Снимки покажуваат ракети над Тел Авив и постојани експлозии над Ерусалим. Неколку станбени згради во близина на американската амбасада во Тел Авив беа уништени. Амбасадорот на САД потврди дека зградата претрпела минимални оштетувања и дека нема повредени меѓу персоналот.

Израелската армија, според соопштението, таргетирала околу 50 борбени авиони и дронови насочени кон магацини за ракети и командни центри каде ирански сили се подготвувале за лансирање. Од петокот досега, иранските напади усмртиле 24 Израелци и повредиле 592 лица. На иранска страна, се пријавени 224 жртви, од кои според Техеран, 90% се цивили.

Министерот за одбрана на Израел предупреди дека жителите на Техеран ќе „платат цена“ за нападите врз израелските цивили. Израелските власти претходно ги повикаа граѓаните на иранската престолнина да ја напуштат областа.

Иран, преку портпаролот на Министерството за надворешни работи, го повика Вашингтон да ги осуди израелските напади, за да се овозможи продолжување на нуклеарните преговори меѓу Техеран и САД.

Во меѓувреме, иранскиот парламент подготвува предлог-закон кој би можел да резултира со излегување на земјата од Договорот за неширење на нуклеарно оружје. Претседателот Масуд Пезешкијан изјави дека нуклеарното оружје е во спротивност со фетвата на Врховниот лидер Али Хаменеи.

Русија, од своја страна, понуди да посредува во можни мировни преговори меѓу Израел и Иран.

 

 

Related posts

Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа, но останува без мнозинство

admin

Почна ли политичкиот „блек фрајдеј“?

admin

Задолжителни ли се „онлајн визите“ за ЕУ? – Информации и дезинформации во интернет просторот

admin

Луѓето се откажуваат од онлајн резервациите во 2023 година и се одлучуваат за туристички агенти – еве зошто

admin

Мицкоски: Очекувам проевропски премиер во Бугарија, разочаран од нискиот одзив на гласачи од Македонија

admin

Неизвесност за Коридорот 8: Делницата кон Ќафасан под прашање поради УНЕСКО, владата бара ново решение

admin