24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Институции без шефови, избори на пауза: Гаши „изгубен“ – октомвриските избори под знак прашалник

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, изјави дека ќе го искористи последниот можен рок за распишување на локалните избори, предвидени за октомври, со цел да се обезбеди време за пополнување на водечките позиции во две клучни институции – Народниот правобранител и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Изборите ќе бидат распишани до крајниот рок, во првата половина на август. Сакаме да оставиме простор за институциите да добијат нови раководители“, изјави Гаши на брифинг со новинари.

Поранешниот Народен правобранител, Насер Зибери, се пензионираше на 14 јули, а од вкупно 17 кандидати, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата предложи Фатон Сељами, дипломиран правник и актуелен раководител во Министерството за правда, за негов наследник. Сељами доби поддршка од пратеникот Беким Ќоку од коалицијата Вреди, но неговиот избор е неизвесен поради потребата од т.н. „Бадинтерово мнозинство“ – поддршка од мнозинството пратеници од заедниците.

Во исто време, Комисијата најави јавен оглас за избор на нов претседател и член на ДКСК, откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка на 25 јули. Оставката беше констатирана на 29 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал покрена обвинение против неа за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Димитровска, која поднела барање за враќање во Државниот завод за ревизија, се товари дека овозможила другo лице да полага испит за безбедносен сертификат во нејзино име.

„Собранието во рок од десет дена треба да го распише огласот. Ќе го сториме тоа веднаш. Потребна е и правна анализа дали овие избори може да се реализираат ако изборите се веќе распишани“, изјави Гаши, кој се врати на работните обврски по кратко отсуство поради болест.

Иако пратениците се очекува да бидат на колективен одмор од 4 до 22 август, Гаши посочи дека Собранието е во постојано заседание и оти, доколку биде потребно, ќе се свика итна седница и за време на одморот.

Related posts

Рејтинзи, дијаспора и 4 милиони евра: Зошто Изборниот законик стана најжешкото политичко бојно поле?

admin

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

admin

Euractiv: Скопје под лупа заради можно влијание врз извештајот на ЕП за Северна Македонија

admin

По шест години чекање: „Гранит“ го доби автопатот Скопје-Блаце, машините излегуваат летово

admin

Светскиот поредок се распаѓа? Си и Санчез со драматичен повик за нов глобален сојуз против САД

admin

Еден работник загина, четворица повредени при одрон на градилиште во Кисела Вода

admin