12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарија ја осуди изјавата на Мицкоски: Неприфатлив и навредлив јазик, несоодветен за добрососедски односи

Министерството за надворешни работи на Бугарија остро ја осуди изјавата на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговите коментари се некомпатибилни со основните норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог, како и со принципите на добрососедство.

Реакцијата следува по изјавата на Мицкоски дадена во средата, кога тој, одговарајќи на квалификацијата „северномакедонски премиер“ употребена од бугарскиот министер Георг Георгиев, изјави дека „му дале задача да се задева, исто како глушецот со лавот“.

„Па, не би го коментирал тоа момче. Тоа е влада којашто друг ја раководи во заднина. Му рекле ‘ајде сега задевај се’, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, изјави Мицкоски.

Бугарското МНР соопшти дека повторната употреба на вулгарни квалификации кон бугарски државни претставници го поткопува веќе кревкиот билатерален дијалог и ја доведува во прашање искрената заложба на Скопје за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Овој неприфатлив и навредлив јазик не соодветствува на политичка зрелост и не ја демонстрира посветеноста кон европските вредности и процесот на пристапување во ЕУ, кој бара заемно почитување и одговорност“, се наведува во соопштението на бугарската дипломатија.

Георг Георгиев претходно изјави дека „успеале да спречат Европскиот парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски“.

Во меѓувреме, бугарскиот амбасадор во Скопје бил повикан во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија поради употребата на придавката „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер Георг Георгиев, упатена кон премиерот Христијан Мицкоски.

Бугарското МНР изрази изненадување од повикот на својот дипломат, наведувајќи дека изминатиот период од Скопје доаѓаат низа непријателски пораки и изјави. Амбасадорот пренел сериозна загриженост за „навредливи и манипулативни коментари“ од високи македонски функционери, кои, според Бугарија, се насочени и против ЕУ.

„Особено е неприфатливо земја што обезбедува реална и несебична помош, како сега со пожарите во Крива Паланка, да биде нарекувана ‘непријателска држава’,“ се наведува во соопштението.

МНР на Бугарија категорично го осуди, како што го нарече, недозволивиот и навредлив јазик на Мицкоски, истакнувајќи дека вакви изјави не се во согласност со основните дипломатски норми и принципите на добрососедство.

„Употребата на вулгарни квалификации не само што го поткопува кревкото доверие меѓу двете земји, туку и го доведува во прашање искреното залагање на политичкото раководство во Скопје за исполнување на Договорот од 2017 година и напредокот кон ЕУ,“ пишува во реакцијата.

Софија порача дека нема да толерира говор на омраза, лични напади и намерно нарушување на меѓудржавните односи, предупредувајќи дека таквата реторика создава клима на непријателство и ја поткопува политичката волја за конструктивен дијалог.

Related posts

Светот низ карикатури

admin

Нон-пејперот не носи спас од уставните измени, порача евроамбасадорот

admin

Ескалација на Блискиот Исток: загинати во Либан и Газа, САД подготвуваат продолжена блокада на Иран

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

Илхан Ќучук со јасна порака: Нема отстапување додека Бугарите не влезат во Уставот

admin

ДУИ бара политичка одговорност од Шасивари: „Жртвата ја изедначи со агресорот“

admin