20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ обвинува за понижување, АА бара истрага за донацијата од српска компанија во Тетово

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше поради, како што ја оцени, „новата јавна понижувачка епизода“ од премиерот Христијан Мицкоски кон градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за време на настан во центарот на градот, каде што според партијата, Мицкоски го прекинал Касами пред медиумите и не му дозволил да одговори на новинарско прашање.

„Ова не беше само лична дискредитација, туку отворена демонстрација на доминантен моноетнички пристап кој забрзано се вградува во државните институции. И во случајот со Желино, и сега во Тетово, се понижуваат легитимно избрани локални претставници,“ соопшти ДУИ.

Според партијата, донацијата што беше претставена во Тетово не потекнува од државен буџет ниту од владина програма, туку од српска приватна компанија, што, според нив, е во согласност со растечкиот „институционален продор на концептот на српскиот свет“.

ДУИ ги повика сите албански политички субјекти и граѓански актери да не молчат и да се спротивстават на, како што велат, „практиките на понижување и политичко дисциплинирање на Албанците“.

Паралелно, Алијансата за Албанците (АА) побара транспарентност и истрага околу спорната донација од 800.000 евра од белградската компанија „Унипромет“, која, според нив, била формирана кон крајот на 2023 година и прикажала минимална добивка.

„Како е можно компанија со годишен профит од само 50.000 евра да донира 800.000 евра за општина во странство? Кој е Ратко Поповиќ и што точно бара од Тетово?“ се вели во соопштението на АА.

Партијата ја повика општината Тетово да објави целосни детали од договорот со „Унипромет“ и побара од институциите да го испитаат потеклото на средствата и можните скриени интереси.

„Ова не е хуманитарна помош – ова е сомнителен договор што отвора сериозни прашања за корупција, странски влијанија и злоупотреба на јавни функции. Тетово не е на продажба, а Албанците не се наивни. Вистината ќе излезе на виделина – октомври е блиску,“ стои во реакцијата на АА.

 

 

Related posts

Мицкоски присуствува на Самитот на ЕПП во Брисел, акцент на глобални предизвици и проширување на ЕУ

admin

Јанева: Студентскиот дом во Тетово има сериозни градежни проблеми, кујната сè уште нема вентилација

admin

Европската комисија го истражува договорот за гас меѓу Бугарија и Турција

admin

С.Македонија: Секој втор доктор на науки во 2024 бил жена

admin

Савески: Одлуката за одземање на овластувањата на Ристоска не е персонална

admin

Вучиќ: Курти поттикнува нестабилност и во Северна Македонија

admin