31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Историски чекор или политичка стапица? Што стои зад резолуцијата со Бугарија!

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, изјави во понеделникот дека Скопје го доставил предлогот за усвојување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, со која ќе се потврди македонскиот јазик и идентитет. Тој повика Софија да го поддржи потегот, оценувајќи го како европски интерес.

„Уверен сум дека предлогот е испратен. Сега е ред на Бугарија да покаже зрелост и да застане на страната на прогресот,“ изјави Муцунски на прес-конференција во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање.

Иницијатива на Мицкоски, сомнежи во Софија

Предлогот, инициран од премиерот Христијан Мицкоски, беше упатен до бугарскиот претседател Румен Радев и до бугарската влада. Идејата е резолуцијата заеднички да се поднесе од македонски и бугарски европратеници во Европскиот парламент, како знак на заемно разбирање и како поддршка за евроинтеграциите на Скопје.

Сепак, дел од бугарските политички партии реагираа остро. Демократската партија на Бугарија ја отфрли иницијативата како „политичка манипулација“ и „лажен наратив“, оценувајќи дека таа не одговара на реалните односи меѓу двете земји.

„Бугарија никогаш не ѝ се заканувала на Северна Македонија. Бугарија е сојузник и гарант на стабилноста,“ наведоа од партијата во соопштение.

Пречки и скептицизам

Пратеникот Антонијо Милошоски изрази скептицизам дека Бугарија ќе ја прифати резолуцијата, и покрај официјалната понуда. Тој оцени дека некои бугарски претставници имаат „задни намери“.

„Ако единствената пречка за евроинтеграциите е внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да има проблем да се усвои резолуција што ќе ја потврди македонската посебност“, рече Милошоски.

Академик Катица Ќулавкова и лингвистката Елка Јачева-Улчар, пак, предупредија дека ваквата иницијатива може да биде ризична, бидејќи според нив македонскиот јазик е веќе потврден факт и не треба да биде предмет на меѓудржавни договори.

Акциски план до Брисел до крајот на летото

Муцунски, исто така, информираше дека Скопје ќе достави ревидиран Акциски план до Европската комисија до крајот на летото. Тој нагласи дека целта е планот да биде „реалистичен и спроведлив“, и дека земјата веќе ги надминува европските стандарди во делот на етничките права.

„Не сакаме да си поставиме рамка која нема да може да се исполни. Ова е сериозен пристап со кој сакаме да ја покажеме нашата подготвеност за следниот чекор во евроинтеграциите“, рече Муцунски.

Related posts

Седум години подоцна, Си дојде во Пјонгјанг со нова порака и нови амбиции

admin

Од токсикологија до дигитални платформи: Почнува најголемиот инвестициски циклус во здравството

admin

ИРАН ПОТВРДИ: Ајатолахот Хамнеи  е мртов 

admin

АзА ја поздрави одлуката на САД за Рамиз Мерко

admin

Од сојузници до непријатели: Мицкоски откри што мисли за Таравари

admin

Верските организации се креваат против законите за матична евиденција и род

admin