7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Обвинителството бара притвор за напаѓачот на градоначалничката Арсовска, Судот ќе одлучува

Основниот кривичен суд – Скопје треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на обвинителството куќниот притвор за осомничениот во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да се замени со мерка притвор.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба на одлуката за куќен притвор, наведувајќи опасност од повторување на делото и можност за бегство како причини за построга мерка.

Инцидентот се случи во петокот на улицата „Севастополска“ во скопската општина Чаир, каде Арсовска била физички нападната додека со екипи од Град Скопје вршела теренска контрола по пријава за нелегална градба.

Обвинителството соопшти дека против две лица е отворена постапка за кривично дело „насилство“. Според обвинението, првоосомничениот, кој се претставил како сопственик на дивоградба, првин ѝ упатил закани и навреди на Арсовска, а потоа и физички ја нападнал.

Судија на претходна постапка во саботата одреди осумдневен куќен притвор за осомничениот, додека за второто лице беа изречени мерки на претпазливост. Обвинителството ја оспори таа одлука, барајќи ефективен притвор за првоосомничениот.

Случајот предизвика јавна реакција и осуда од повеќе страни, со повици за поголема заштита на јавните функционери при извршување на службени обврски.

 

 

Related posts

Лидерска средба: Маса за консензус, со разни теми на „менито

admin

Трамп повикува на крај на примирјето во Газа ако сите заложници не бидат ослободени до сабота напладне

admin

Пратеникот Џафери ќе го контролира премиерот Џафери?

admin

Од Менхетен до Аљаска, Американци протестираат против Трамп и Маск

admin

Флорида ги брои трошоците за ураганот Милтон во услови на политичка бура

admin

Цената на златото паѓа по веста за испраќање американски трупи на Блискиот Исток

admin