11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Прв дел од автопатот Врбјани–Охрид отворен, до Кичево остануваат уште 17 километри

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека граѓаните долго чекале на изградбата на автопатот Кичево–Охрид, и дека првиот дел од делницата, од Врбјани до Охрид, е официјално пуштен во употреба.

„До ова место каде што денес го отворивме делот до Охрид, остануваат уште околу дваесетина километри до Кичево. Седумнаесет од нив се од излезот на тунелите до Кичево“, рече Мицкоски во објава на платформата X.

Тој додаде дека двата километри тунели се речиси завршени, додека последните петнаесет километри се уште се во изградба. На трасата кај Охрид се лоцирани шест свлечишта во близина на селото Ботун.

„Проблемите ги оставаме зад нас – што било, било. Важно е сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа за да ги решаваме токму овие предизвици. Ако беше лесно, сигурно немаше да бидеме ние“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека Владата ги поставува темелите на промените и дека „доаѓа времето на Македонија“.

 

 

Related posts

Експерти откриваат како дефект на моторот го претворил летот на „Рајанер“ во борба за живот

admin

МОСКВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ ВРЗ ДРЖАВИ ОД НАТО

ninja

ЕДНА ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА ВЧЕРА ОБЕЗБЕДЕНА ОД УВОЗ

ninja

Курти: Предлозите во Брисел, штит за спроведување на договорот од Србија

admin

УЈИЕ станува дел од престижната меѓународна мрежа CEEMAN

admin

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува Лафчиски со Медал за истакната служба

admin