15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Олигарсите му го вртат грбот на Путин, Мелниченко го нарече “парија”

Еден од најбогатите луѓе во Русија, Андреј Мелниченко, рече дека војната во Украина го направила  Путин „парија“, пренесува Инбокс7.

Мелниченко сега живее во ОАЕ, каде што е закотвена неговата моторна јахта А вредна 300 милиони долари.

Неговата Sailing Yacht A од 578 милиони долари беше запленета од италијанските власти набргу откако беше санкциониран.

Во опширно интервју за Фајненшл тајмс, Андреј Мелниченко ги осуди ефектите од руската инвазија на Украина врз неговиот личен живот, истовремено велејќи дека има „воени злосторства од двете страни“ во конфликтот.

Мелниченко беше санкциониран во март минатата година, откако присуствуваше на тркалезна маса на руски деловни личности, организирана од Владимир Путин во февруари.

Бизнисменот кој парите ги заработувал од јаглен и ѓубрива, претходно изјави дека дури дознал дека е санкциониран кога за тоа прочитал во вестите.

„Јас не правам оружје за војната. Правам храна за луѓето и енергија за централите низ целиот свет. Не ја промовирам војната. Не се занимавам со политика. Која е поентата?”, изјави Мелниченко за ФТ.

Неговата нето вредност се зголеми повеќе од двојно, на околу 25 милијарди долари, по инвазијата и последователните санкции врз Русија заради тоа што предизвикаа скок на цените на ѓубривата, вели Форбс.

Санкциите против руските олигарси ги променија животите на неколку влијателни милијардери кои претходно поминуваа голем дел од своето време на Запад.

Поранешниот сопственик на ФК Челзи, Роман Абрамович, на пример, беше принуден да го продаде клубот и сега живее во Израел, според Le Monde.

На олигарсите минатата година им беше збришано колективното богатство од 95 милијарди долари, според анализата на „Гардијан“ за податоците на индексот на милијардери на Блумберг.

Минатата недела FT објави дека технолошкиот милијардер Аркадиј Волож поднел жалба за санкциите што му ги постави ЕУ, само неколку дена откако тој првпат ја критикуваше војната.

Олег Тинков успеа да ги укине санкциите против него во Британија откако ја критикува инвазијата на Путин на Украина и ја доби поддршката од британскиот деловен магнат Ричард Бренсон.

Related posts

Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

admin

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

admin

Полициска акција во Тетово, приведени две лица

admin

НИНИСТО- ТУРЦИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ФИНСКА ВО НАТО

ninja

Кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија?

admin

“Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината”

admin