10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Само 11 часа по кандидатурата – полиција на врата на Билјана Ивановска

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар, изјави во петокот дека полицијата ѝ вратила кривична пријава само 11 часа откако ја објавила својата кандидатура.

„Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци дошле да ми ја врачат кривичната пријава, но не бев дома. Утрово веднаш ја подигнав поканата од Основното јавно обвинителство Скопје за разговор на 19 август,“ наведе Ивановска на социјалните мрежи.

Таа рече дека има „чиста совест“ и дека не се плаши од „закани, ниски удари и притисоци“. Според неа, целта на нејзината кампања, заедно со граѓанската група „Независни заедно“, е да се спротивстави на „корупцијата и клиентелизмот“ и да се врати моќта кај граѓаните.

„Институциите треба да ни служат нам, а не на центрите на моќ чиј интерес е профитот,“ додаде таа, најавувајќи дека ќе ја информира јавноста за текот на постапката, но дека надлежно за информациите е Обвинителството.

 

Related posts

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

Полемика меѓу Османи и Мицкоски околу јазичните прашања

admin

Западот нè напушта? Пендаровски предупредува на опасен надворешнополитички курс!

admin

Три судски процеси против 25 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

admin

Дали Петровска има амбиции за лидер на СДСМ?

admin

„Потписот на Трамп не вреди ништо“: Врховниот лидер на Иран со жесток напад кон САД

admin