31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Американците го превземаат „Лукоил“

 

Американскиот инвестициски фонд „Карлајл“ (Carlyle Group) разгледува опции за купување на странските средства на санкционираниот руски нафтен гигант „Лукоил“ како пакет, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со преговорите.

Кон крајот на октомври, Министерството за финансии на САД даде зелено светло за потенцијални трансакции со средствата на „Лукоил“ надвор од Русија преку олеснување на одредени санкциски ограничувања, што, според изворите, ја отвори вратата за интерес од неколку западни инвестициски групи.

„Карлајл“ е меѓу фондовите што ја анализираат можноста за преземање на странските операции на „Лукоил“, кои опфаќаат рафинерии, дистрибутивни мрежи и стотици бензински пумпи во Европа, меѓу кои и мрежата во Северна Македонија. Преговорите се во рана фаза, а одлука сѐ уште не е донесена, велат изворите.

„Лукоил“ во повеќе европски земји се соочува со притисок поради европските и американските санкции, што го забрза процесот на продажба на одредени средства. Компанијата не даде коментар на барањето на Ројтерс.

Доколку „Карлајл“ поднесе понуда и добие одобрение од Вашингтон, тоа би претставувало едно од најголемите американски преземања на руски енергетски средства во Европа од почетокот на санкциите во 2022 година.

Нема информации дали претседателот на САД Доналд Трамп ќе треба директно да одобри дел од трансакцијата, но изворите велат дека процесот би вклучувал повеќеслојни проверки за усогласеност со санкцискиот режим.

Related posts

Мицкоски: Договорот меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија е основа за покренување кривична постапка

admin

Контроверзија и повлекување: Обвинителството со нова порака до новинарите

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

Битка за Струмица: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во трка за бастионот на социјалдемократите

admin

Чаир и Сарај на распродажба? Таен договор ја турка Алтернатива кон бришење!

admin

С. Македонија со двојно повеќе случаи на рак поради загадениот воздух

admin