24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАНАУКАСВЕТ

ЕУ УДИРА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Нема Instagram и TikTok без 16 години?

Европскиот парламент во средата побара усогласен минимален праг од 16 години за пристап на малолетници до социјални мрежи без согласност од родителите, во рамки на поширока иницијатива за заштита на децата онлајн.

Пратениците побараа и технолошките директори, меѓу кои Марк Закерберг и Илон Маск, да snосат лична одговорност ако нивните платформи постојано ги прекршуваат правилата на ЕУ за заштита на малолетници. Амандманот го предложи унгарската пратеничка Дора Давид од Европската народна партија, поранешна вработена во Мета.

Повикот за построги правила доаѓа во време кога повеќе земји во ЕУ подготвуваат ограничувања за користење социјални мрежи од страна на деца, поради загриженоста за нивното ментално здравје и развој од платформи како TikTok, Instagram и YouTube. Австралија веќе спроведува праг од 16 години за отворање профили на мрежите.

Парламентот ја поддржа мерката со 483 гласа „за“, 92 „против“ и 86 „воздржани“. Извештајот повикува Европската комисија да обезбеди усогласени правила за проверка на возраста низ целиот блок, додека повеќе земји развиваат национални системи.

Најмногу противења и воздржани гласови дојдоа од десно ориентирани групи, кои тврдат дека текстот премногу навлегува во надлежностите на земјите-членки.

Извештајот го водеше данската социјалдемократка Кристел Шалдемозе, која претходно беше главен преговарач на Парламентот за Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Документот може да влијае врз претстојните преговори за нови европски закони. Комисијата следната година ќе предложи ревизија на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и нов Закон за дигитална фер-практика, каде заштитата на малолетници ќе биде клучен дел.

 

 

Related posts

Техничката влада пред породилни болки

admin

Администрацијата на Трамп повикува назад речиси 30 кариерни дипломати ширум светот

admin

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

Кочани откри спомен-обележје за Илчо Гоцевски, возачот на Брзата помош од пожарот во „Пулс“

admin

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

„Не ни недостига талент, туку систем“: Капетановиќ бара нов економски модел за Западен Балкан

admin