14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ковачев бара објавување на имињата кои поседуваат бугарско државјанство

Европратеникот од редовите на Европската народна партија, Андреј Ковачев, побара итно усвојување на измените во Законот за бугарско државјанство, за време на средба со бугарски новинари во Брисел.

„Во моментов законот е нелогичен и не придонесува за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија,“ изјави Ковачев, повикувајќи ги медиумите да ја пренесат неговата порака до пратениците во бугарскиот парламент и до министерот за правда.

Предложените измени предвидуваат дел од личните податоци на лицата што стекнале бугарско државјанство да станат јавни, со што ќе се покаже дека тие доброволно се изјасниле како етнички Бугари.

Ковачев додаде дека ваквиот чекор ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Северна Македонија, која веќе поседува бугарски документи за лична идентификација.

„Ти доброволно доаѓаш и велиш: ‘Еве, баба и дедо ми се Бугари. Еве ги документите дека биле во егзархијата, војската или бугарското училиште. Јас потпишав декларација дека се чувствувам етнички Бугарин, и врз основа на тоа добивам бугарско државјанство’,“ изјави Ковачев.

 

 

Related posts

ЕУ им нуди на општините бесплатен интернет за граѓаните

admin

Тужба против xAI: Мајка на дете на Маск тврди дека Grok овозможил неовластени сексуални дипфејкови

admin

Полни пазари, празни фрижидери

admin

Жртвите во „Пулс“ починале од токсични гасови и жежок воздух

admin

ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС

ninja

По години судски спорови: Џонсон и Џонсон плаќа милијарди за да ги затвори случаите поврзани со рак

admin