14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алијансата за Албанците ќе одржи редовен конгрес во пролетта 2026

Петтиот конгресен совет на Алијансата за Албанците (АА) на денешната седница донесе одлука за свикување на редовниот партиски конгрес, кој се очекува да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај 2026 година, соопшти партијата.

Советот воедно го формираше и Централниот организациски одбор за подготовка на конгресот, кој ќе го предводи пратеничката Илире Даутти. Одборот ќе биде задолжен и за преструктуирање на подограноците, ограноците и другите партиски тела до одржувањето на конгресот.

На седницата беше презентиран и извештај за последните локални избори, а беше отворена и расправа за актуелната политичка состојба во земјата.

Партијата соопшти дека со овие одлуки започнува процес на реорганизација и зајакнување на партиските структури, со цел, како што наведуваат, Алијансата за Албанците повторно да стане водечка политичка сила меѓу Албанците во земјата, преку развој на својата идеологија, програма и политичка визија.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека предлозите за воведување на Бадинтерово мнозинство при одлучувањето во Уставниот суд и за избор на Влада со Бадинтерово гласање потекнуваат од неговата партија, алудирајќи дека други партии, меѓу кои и Демократската унија за интеграција (ДУИ), се обидуваат да ги присвојат тие идеи.

„Идејата за Бадинтер во Уставниот суд беше наша идеја, како што е и предлогот Владата да се избира со Бадинтерово гласање. Тоа се теми за кои сме подготвени да разговараме“, изјави Села.

Пред почетокот на седницата, Села беше прашан дали ќе се отвори прашањето за евентуално влегување на Алијансата за Албанците во Владата. Тој одговори дека Собранието на партијата има право да дискутира за сите теми, но дека приоритет во моментов е внатрешната консолидација.

По завршувањето на седницата не беа соопштени дополнителни детали за можни одлуки во врска со владино учество. Телевизијата ТВ21 објави дека на состанокот било нагласено оти најнапред треба да се среди внатрешната состојба во партијата.

Related posts

Земјотрес од 4,6 степени регистриран во северозападна Македонија

admin

Пациентите со рак живеат подолго поради нови терапии и зголемен буџет

admin

Пожарите и поплавите најчести природни непогоди во Македонија, но кубуриме со кадри за справување со нив

admin

„Најди ме“ како засилување на институциите – Како функционира првата страница за рано предупредување за исчезнати?

admin

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија на Земјата по рекордна мисија околу Месечината

admin