10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Амбасадорот Зомер: циркуларната економија и одржливите технологии треба да бидат приоритет

Амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, во понеделникот ја посети цементарницата ТИТАН Усје за да разговара со раководството за практиките во циркуларната економија и процесите за декарбонизација, соопшти компанијата.

Зомер беше информиран за системите за управување со отпад и за активностите што ТИТАН Усје ги спроведува во насока на зелена и одржлива индустриска транзиција.

Главниот извршен директор Константинос Николау изјави дека компанијата, дел од меѓународната групација ТИТАН, е меѓу првите во земјата кои ги примениле принципите на циркуларната економија и дека продолжува да инвестира во нивно унапредување.

Компанијата ја претстави и постројката за алтернативни горива, една од првите од овој вид во Северна Македонија. Според ТИТАН Усје, користењето енергенси од отпад значително придонесува за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и е практика застапена со децении во Европската унија и САД.

Амбасадорот Зомер рече дека искуствата од Швајцарија покажуваат дека циркуларната економија и одржливите технологии треба да бидат приоритет. „Токму овие практики се основа за суштинска промена во начинот на функционирање на индустријата,“ изјави тој.

ТИТАН Усје информираше дека вложува во модернизација, дигитализација и процеси за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на ресурсната потрошувачка. Компанијата годинава го доби сертификатот Zero Waste to Landfill Platinum за управување со отпад.

ТИТАН Усје, која годинава одбележува 70 години работа, наведува дека останува посветена на унапредување на одржливите стандарди во индустријата.

Related posts

Обвинители постапувале по првата пријава од Арсовска

admin

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

admin

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

admin

Август беше најтопол во историјата: рекордни температури на копното и во морињата

admin

Стоилковски до Османи: Земи креда и со големи букви напиши – УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА

admin

Викенд на одлуки: Кои министри заминуваат, а кои остануваат во Владата на Мицкоски?

admin