20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети ја “исчисти” ДУИ: Десетици влијателни функционери останаа без позиции

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети доби нов мандат на 5-тиот партиски конгрес, одржан зад затворени врати, но истовремено десетици влијателни и познати партиски функционери беа отстранети од клучните тела, како Централното претседателство и Советот на партијата.

Од овие органи излегоа повеќе од 60 поранешни членови, меѓу кои и поранешниот технички премиер и претседател на Собранието Талат Џафери, пратениците Блерим Беџети и Садула Дураку, поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари, како и Ејуп Рустеми и Назим Буши.

Во новиот врв на партијата остануваат главно истите фигури. Бујар Османи е именуван за потпретседател, Арбр Адеми е избран за генерален секретар, а ДУИ за првпат ќе има и две жени потпретседателки.

Политичкиот аналитичар Џелал Незири, во изјава за Телевизија Телма, оценува дека станува збор за темелна „чистка“ во партијата.

„Генерално, ова е една метла на Ахмети која остави без функции многу значајни фигури во ДУИ. Мислам дека тоа може позитивно да се одрази кај членството и симпатизерите кои беа пасивизирани во изминатиот период,“ изјави Незири.

Од друга страна, актуелниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ и Демократското движење, Изет Меџити, остро го критикуваше конгресот, оценувајќи дека станува збор за „театар“ во кој никој не сносел одговорност за, како што рече, изборниот дебакл.

„Наместо идеи, Конгресот-театар понуди памфлети со ‘главни теми’ за да го прикрие неуспехот и да избегне расправа за суштинското прашање – кој е одговорен за поразот на изборите,“ напиша Меџити на Фејсбук.

На конгресот, како штп јавува Телма, Ахмети предложи неколку политички насоки, меѓу кои и нов „историски договор“ за напредок на државата, усвојување резолуции за унитарниот карактер на Северна Македонија, како и воведување на Бадентерово двојно мнозинство при избор на влада и при одредени одлуки на Уставниот суд.

Според Незири, овие позиции покажуваат дека ДУИ нема намера да отстапи од досегашната политичка линија.

„ДУИ и Ахмети нема да отстапат од унитарниот карактер на државата и нема да предлагаат федерализација или порадикални политики. Партијата ќе продолжи по траекторијата воспоставена со Рамковниот договор од 2001 година,“ вели тој за Телма.

Во моментов, Бадентеровото мнозинство во Собранието сè уште е под контрола на ДУИ, поради што не се ставаат на гласање закони за кои е потребно двојно мнозинство, меѓу нив и изборот на нов Народен правобранител.

Related posts

Наставник од Битола цела година држел настава без да знае дека добил отказ

admin

Путин ја обновува врската со Моди – Индија маневрира меѓу САД, Русија и Кина

admin

Нови жртви по земјотресот во Азија: Бројот на загинати расте

admin

Дизелот поевтинува за 6,5 денари од полноќ

admin

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, осуден на 3,5 години затвор за нелегална градба и злоупотреба на функцијата

admin

Печалбарите преферираат кеш, а не банки за испраќање пари

admin