5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Голем пресврт: Гаши бара ЕДНА супер-комисија што ќе ги отвори сите трагедии во Македонија!

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, побара власта и опозицијата да постигнат договор за формирање единствена анкетна комисија што ќе ги опфати сите големи несреќи од последните години, вклучувајќи ги пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, автобуската трагедија на „Беса Транс“, случајот „Дурмо Турс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово.

Гаши изјави дека во Собранието веќе се доставени повеќе иницијативи, но дека е „повољно и поефикасно“ истрагите да се обединат во една комисија, со јасен мандат и прецизно утврдена одговорност на институциите.

Тој додаде дека изборот на новите министри – Беким Сали и Оливер Хоџа – ќе се најде на дневен ред по завршувањето на расправата за Буџетот за 2026 година, што се очекува околу 18 декември. Владата вчера попладне ги достави официјалните предлози за кадровските промени.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од новите членови на кабинетот очекува „посветеност, чесност и работа во интерес на граѓаните“, истакнувајќи дека засега не се предвидуваат дополнителни промени во составот на Владата.

Related posts

УЈИЕ ја пречекува проф. Карен Вествуд како Фулбрајт стипендист

admin

Македонските универзитети далеку од европскиот врв: Научните цитати откриваат драматичен јаз

admin

Бугарски Труд: Во Северна Македонија има 216.594 етнички Бугари, пописот бил манипулиран

admin

Муртезани: Се бара ново решение за прашањето со Бугарија

admin

Муцунски во Атина: Грција ја потврди поддршката за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија

admin

Како тарифите на Трамп ќе влијаат врз балканските земји?

admin