28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Македонија подготвува револуција во сообраќајот – план за нула жртви до 2050!

Градоначалници од повеќе општини во Македонија потпишаа заедничка декларација со која се обврзуваат на мерки за намалување на сообраќајните несреќи со загинати, на првата Национална конференција за безбедност на патиштата, организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП).

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека земјата и понатаму има висок процент на жртви поради непочитување на правилата и дека најчесто страдаат млади лица. МВР го повтори стратешкиот план до 2030 година бројот на жртви да се преполови, а до 2050 година да се постигне нулта стапка на загинати.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави воведување интелигентен транспортен систем на Коридорот 10, финансиран делумно со грант од Светска банка од околу 13 милиони евра. Проектот ќе овозможи следење на сообраќајот во реално време од Табановце до Гевгелија во рок од една до две години.

Николоски рече дека модерни и безбедни автопати, како и координирана работа меѓу институциите, се клучни за намалување на несреќите, додека градоначалниците истакнаа потреба од подобрена локална инфраструктура и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Конференцијата заврши со заедничка поддршка на националните цели за побезбеден сообраќај и локални мерки за намалување на ризиците, особено на критичните урбани делници.

Related posts

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin

Филипче: Не чувствувам вина за случајот „Онкологија“, нека одговара кој го прекршил законот

admin

Европа алармира: Македонија тврди дека троши повеќе од ЕУ за судството – бројките велат друго

admin

Русија штотуку и дала на Украина услови за завршување на војната?

admin

Генералниот секретар на РСС Капетановиќ на Стратешкиот форум во Блед

admin

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

admin