36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скопје ја започнува празничната сезона со осветлување на елката, без новогодишен огномет

Скопје денеска ја започнува празничната програма со свечено осветлување на новогодишната елка и отворање на божиќниот базар на плоштадот „Македонија“, со што официјално почнува предновогодишното празнување во главниот град.

Градските власти соопштија дека елката ќе светне во 18 часот, по што ќе следи музичка програма со настапи на домашни изведувачи. За дочекот на Новата 2026 година најавени се концерти на македонски музички ѕвезди, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски и други.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека и оваа година нема да има новогодишен огномет на плоштадот, додавајќи дека одлуката е во насока на поддршка на поодржливи и алтернативни форми на празнување.

„Ги поканувам скопјани заедно да го осветлиме градот и да уживаме во празничната атмосфера“, рече Ѓорѓиевски.

Празничната програма ќе трае до крајот на декември и ќе вклучува концерти, културни настани и активности за сите генерации.

Related posts

Алиу: Нова листа на есенцијални лекови по една деценија, проширен опфат со контрацепција и никотинска терапија

admin

Рубио со помирлив тон кон Европа, но ја задржа тврдата линија на администрацијата на Трамп

admin

Политичко или егзистенцијално барање – Владата и Синдикатот на различни страни околу 450 евра минимална плата

admin

РАЦИИ ВО ТРИ ГРАДА: Разбиена мрежа, уапсени лекари и сопственици на ординации

admin

Европа во криза за вода, ресурсите стануваат се поретки

admin

ЕУ разгледува забрзан пат за Украина за членство до 2027 година

admin