7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

УЈП испрати 10.000 покани за пријавување доход од странство, дел од граѓаните најавија протести

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека испратила околу 10.000 покани до граѓани за пријавување и оданочување на доход остварен во странство, што предизвика реакции и најави за протести, особено во Куманово.

Според податоците на УЈП, по испратените покани околу 1.200 лица доброволно поднеле даночни пресметки, додека на приближно 1.300 лица им биле издадени даночни решенија. За овие околу 2.500 случаи, вкупниот пресметан данок изнесува близу еден милион евра, а контролите продолжуваат и во други градови.

Дел од граѓаните во Куманово најавија протести откако добиле решенија за плаќање персонален данок на доход за приходи остварени од 2020 година наваму. Станува збор, главно, за лица кои работеле во американски воени бази во Ирак и Авганистан, а примале исплати на сметки во Северна Македонија.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, изјави дека не станува збор за нова мерка или за ретроактивно оданочување, туку за законска обврска која важи за сите даночни резиденти и опфаќа пријавување на целокупниот светски доход, вклучително и приходите стекнати во странство.

„Обврската постои со години и е утврдена во Законот за персонален данок на доход. Фактот дека во минатото не била доследно применувана не значи дека не постоела“, рече Петрова.

Од УЈП појаснуваат дека граѓаните нема да бидат двојно оданочени доколку за истиот доход веќе платиле данок во друга држава, согласно меѓународните договори и домашната регулатива. Даночните обврзници кои сметаат дека им се повредени правата имаат можност да ги искористат редовните правни механизми.

Властите наведуваат дека процесот на проверки и оданочување ќе продолжи, додека граѓанските иницијативи бараат појаснување на постапките и поголема транспарентност во примената на даночните правила.

Related posts

Ја ограбил продавницата во Куманово, ден потоа фатен од полицијата

admin

Гир: Треба радикална акција во судството

admin

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja

Судот и забрани на Марин Ле Пен учество на претседателските избори во Франција 

admin

Пад на трговијата на мало и на индустриското производство

admin

Канцеларот во заминување, Олаф Шолц, бара само малку почит

admin